Меѓу должниците се и ТЕ-ТО со долг од 464 милиони денари, кумановскиот бос Бајруш Сејдији со долг од 112 милиони денари, Трансмет со долг од 77 милиони денари, винарската визба Повардарие со долг од 70 милиони денари, Урбан инвест со долг од 33 милиони денари, ФК Вардар со долг од 10 милиони денари…

Објавил: Весна Петровска | 13 септември, 2019 18:07

Кој е најголем должник во Македонија? – На листата познати бизнисмени и компании

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голем број јавни претпријатија и општини, но и познати македонски компании и бизнисмени, се најдоа на новата листа должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Македонска радиотелевизија на УЈП и должи 32 милиони денари, Македонска радиодифузија должи околу 26,3 милиони денари, Комуналното јавно претпријатие Струга должи 16,7 милиони денари, општина Карпош должи 54 милиони денари…

Меѓу должниците се и ТЕ-ТО со долг од 464 милиони денари, кумановскиот бос Бајруш Сејдији со долг од 112 милиони денари, Трансмет со долг од 77 милиони денари, винарската визба Повардарие со долг од 70 милиони денари, Урбан инвест со долг од 33 милиони денари, ФК Вардар со долг од 10 милиони денари…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...