Опожарено возилото на сопругата на организациониот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пред нивниот дом, се шпекулира дека порака е со интерпартиски мотив и намена

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 12:21

Кој и зошто испратил “поракa” до Зечевиќ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од МВР сметаат дека станува збор за подметнат пожар, неофицијално низ партиските кулоари струјат информации дека ова е порака до моќниот партиски функционер од негови сопартијци.

Имено во пожар целосно изгорел автомобил од марката „Тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1.

Миле Зечевиќ во партиските кругови важи за човек близок до Шекеринска, на која како информираат партиски извори и помага да го смени Заев од премиерската и претседателската функција во СДСМ.

Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга.

Полицијата извршила увид, но се уште го обезбедува местото.

Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.

Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Претходно беше и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.

Зечевиќ е висок партиски функционер како е и актуелен организационен секретар на СДСМ, функција која е моќна затоа што ја има и ракоположи со целосната архива од членството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести