Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата „Инсајдер’“ – изјави Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јули, 2019 22:28

КОЈ ЛАЖЕ? МВР се огласи и демантираше дека Боки 13 користел службено обезбедување!

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР.

Како што стои во демантот на МВР крајно непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации, се вели во демантот на МВР.

Како што изјави за емисијата „Код“, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски рече дека Боки 13 имал обезбедување од МВР.

Боки 13 од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата „Инсајдер’“ – изјави Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

 Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа – рече директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...