Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО - ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања откри дека пратеници кои не гласале уставни измени веднаш добиле кривична пријава

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 15:29

Кој не гласа уставни измени, Заев го “поздравува” со кривична

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, при поставување пратеничко прашање до премиерот на денешната седница ги прокоментира последните случувата во Собранието.

Според него желбата за ревашизам на актуелната власт е поголема од желбата за креација и исполнување на ветените капитални инвцестиции.

Пратеникот Стојан Миланов, пред две недели не гласаше за уставни измени и завчера доби кривична пријава.

Ние сме во Собрание каде што буквално во 07.00 саат може да те ослободат од затвор за да гласаш во 21.00 навече и после тоа е во ред.

Ваква состојба во Македонија 60 години наназад немало. Сите се во грч, нема правда, има само неправда. И затоа никој ништо не потпишува. – рече Ѓорчев.

Тој го повика премиерот, Зоран Заев, на тв дуел со претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски каде ќе дебатираат за економските состојби и капиталните инвестиции.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести