Кој ги финансира македонските медиуми и од каде се набавени „бомбите“ на СДС и ДПМНЕ?

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 12 февруари, 2020 15:09

Кој одлучува за промена на власт во Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во објавата на „Слободен печат“ за начинот на кој се финансирани медиумите блиски до Јанез Јанша, се тврди дека Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша имала блиска соработка со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во Љубљана е отворена предистражна постапка за утврдување на легалноста за начинот на кој се финансираат медумите блиски до Јанез Јанша. Словенечкиот портал „Нецензурирано“ во својата анализа тврди дека компании блиски до Орбан вложиле скоро 4 милиони евра за финансирање на медиуми низ Словенија и Македонија. Авторите на анализата според „Слободен печат“ тврдат дека Орбан е најголем сојузник на Путин во Европа и дека е близок со десничарски партии во Европа, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците од спроведената анализа упатуваат на тоа дека надворешки политички и бизнис структури се имплементирани во трката за власт. Медиумите се погодна база за поготовки во смена на власт. Тие играат огромна улога во креирање на јавната свест и на јавниот дискурс воопшто. Медиумите пласираат јавни информации со што ја доближуваат работата на институциите и државните органи до обичниот човек. Демократскиот капацитет на медиумите низ светот, па и во Македонија е заслабнат поради: цензура, пропаганда, а постои и нов феномен кој се нарекува „лажни вести“. На тој начин свесно и манипулативно се работи на изобличување на реалната слика на работите и пласирање на содржини кои медиумските актери сакаат да ги прикажат. Во македонската јавност новинарите не се образувани или обучувани за тоа што го работат, наместо тоа тие се само добро платени партиски служители, со чест на исклучоци. Во Македонија имате многу повеќе спин доктори одошто новинари. Во спроведената анализа од словенечкиот „Нецензурирано“ се шири сомнение за легалноста во начинот на кој се прибавуваат средства од страна на неколку македонски медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Дури и да се работи за легален извор и доток на средства, сепак се отвора прашањето зошто компаниите на Орбан би финансирале голема сума на пари во словечеки медиуми или македонски медиуми? За поводот и интересот можеме да шпекулираме и да вадиме тези, но тие ќе останат непознати за јавноста се додека се затворени во лавиринтите на истражувањата од државните органи, секако доколку истражна постапка за нив и е воведена.

Сведоци сме на тоа и дека претходната владеачка партија СДМС не успеа да собере најголем број на гласови, но поради коалицирањето со партиите од албанскиот блок, ја презема и власта

Поради „мекоста“ во ставот околу националните македонски прашања, Зоран Заев и СДМС станаа миленици помеѓу гласачите од албанскиот национален блок.

При промена на власт беше скршена демократската волја на граѓаните кои во најголем број за своја владеачка партија ја одбраа токму ВМРО-ДПМНЕ. Пред промена на власт и распишување на избори во Македонија следеше долг период во кој се пуштаа „бомбите“ во јавниот етер. Секако во тие материјали можевме да слушнеме се и сешто, особено она што е за осуда и ја открива валканата долгогодишна игра на тогашната власт предводена од ДПМНЕ. Но уште останува отворено и неразјаснето прашањето за легалноста и легитимноста во прибавување на тие материјали? Од каде потекнуваат? Зошто разознавачки служби имале интерес да ги предадат материјалите во рацете на тогашната опозиција? Кому тогаш му одговараше промена на власт? Чија поддршка ја имаше СДМС да ја симне владеачката партија од власт? Сите овие прашања ќе останат неодговорени и непознати за обичниот човек. Но мораме да инсистираме на тоа дека нивната природа е матна и открива многу за демократијата во Македонија. Ако мислевме дека граѓаните самосвесно и самоволно одлучуваат преку изборен процес и гласање, тогаш овие податоци и факти го побиваат тоа теориско и идеал-типско фундирање на демократијата.

ВМРО-ДПМНЕ поседува материјали кои треба да бидат пуштени во етер а се со коруптивна природа во однос на работата на СДСМ

Пред неколку дена на својот фејсбук профил лидерот на политичката партија „Левица“ – Димитар Апасиев ги повика ВМРО-ДПМНЕ да ги објави сите „бомби“ што ги поседува а ја откриваат вмешаноста на политичките актери од власта во случаите „Рекет 1“, 2 или 3. Сознанието дека ВМРО-ДПМНЕ поседува материјали од корумпирачка природа за кои не знаеме дали се или не се законски набавени уште повеќе носи забуни во приказната. Веднаш се отвора прашањата – Кому сега му одговара ВМРО – ДПМНЕ да е на власт? Чии интереси треба да ги исполни ДПМНЕ со доаѓање на власт? Зошто не се пуштат сите материјали во оптег пред избор и не се објасни нивното потекло и значење?

Како и да е, факт е дека странски разознавачки структури, медиуми и нивни странски финансиери се главните актери во креирање на свеста и одлуката помеѓу луѓето во избор на власт

Дури и упатеноста на гласачите за изборните програми на политичките партии е сосема проблематична. Информациите што ги издаваат медиумите имаат главно пропаганда цел и се дел од промотивната кампања на политичките партии. Во тој случај подобар избор е неинформираност и неупатеност во изборната кампања и политичките програми одошто гласач кој смета дека е доста „упатен“. Јавноста е изложена на многу влијание и ретко кој е сосема свесен и разумен да го процени степенот на влијанија. Во јавниот етер имате се и сешто – спинови, шпекулации, манипулации, лажни вести, буквално се, само вистина не!

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...