По синоќешниот ЦК на ВМРО - ДПМНЕ, тројцата пратеници обвинети за настаните во Собранието, неофицијално најавиле можност за барање прошка за гестот од петокот

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 11:13

Кој од осумтемина пратеници прв ќе поднесе оставка?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По синоќешниот Централен комитет на ВМРО – ДПМНЕ и “чистењето” на старо – нови моќници од редовите на функционерите кои вршеле притисок врз пратеничкиот состав на партијата и коалиционите партнери за поддршка на уставните измени, извесно е дека ќе има промени.

Неофицијлано токму убеденоста на Заев дека Мијалков ќе успее да го повика ЦК на нов вондреден конгрес за избор на нов претседател, беше причината за изјавата дека до финалното гласање на уставните измени т.е. новиот Устав на Република Северна Македонија, тој ќе има уште 6 т.е. 86 пратеници во поддршка.

По синоќешното фијаско, неизвесно е кој од осумтемина (от)купени пратенички гласови ќе си поднесе прв оставка од функцијата.

Пратеничката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ како и пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Зеќир Рамчиловиќ сосема изведно ќе останат на своите позиции како од нивниот глас зависи одлуката на судот за ослободителна или помала изречена мерка за синот на Авировиќ т.е. “шефот” на Рамчиловиќ, Седа Кочан, кои се обвинети во исто дело на СЈО.

Сосема изведно е дека и поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска нема да го промени ставот, дотолку повеќе што веќе даде оценка дека исклучувањето од партијата е избрзан гест и ги повика колегите да се прикчучат кон амандманската расправа. Нејзинот име е поврзано за целокупниот предмет за Скопје 2014.

На својот став остануваат и пратеничките Емилија Александрова, дотолку повеќе што семејно е во тесни роднински врски со Мијалков но и пратеничката Нола Исмајлоска Старова која ќе е идниот координатор на новата пратеничка група.

Пратениците Арнаудов, Василевски и Мукоски се трите имиња за кои неофицијални извори од партијата, говорат дека почнале да комуницираат со колегите но и побарале неформални средби на прошка кај претседателот Мицкоски.

Нивното обвинение за немилите настани во Собраниет од 27 април мината година го делат со уште 30 обвинети, со што изведно е дека како лица првоосомничени дека нема да бидат исклучени од одговорноста ако судот стани при делото терористичко здружување.

Она што е незивесно е како ќе делува пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, личен пријател на сега поранешниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен градоначалник на Кавадараци, Митко Јанчев.

Од избори од партијата, по синоќешниот комитет, во партијата се манифестирало единство и огромна поддршка кон претседателот Мицкоски, со што се очекува пратениците кои се одметнаа под притисок на СДСМ но и партиски структури во ВМРО – ДПМНЕ да поднесат оставка, како Мицкоски е дециден дека тоа е единствениот начин да им се извинат на граѓаните за нивната постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести