Според ова, ДУИ би изгубила еден пратеник а БЕСА би добила 3 тројца. Аналитичарот Џељал Незири вели дека отворените листи им даваат можност на граѓаните да изберат за кој пратеник посебно сакаат да гласаат.

Објавил: Македонка Димкин | 14 декември, 2019 20:43

Кој се плаши од измена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Доколку изборите на 12 април 2020 би се одржале според моделот со една изборна единица, според бројот на гласови, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 48 пратенички места, СДСМ 47, ДУИ 9, Движење Беса 6, АА 3, ДПА 3.

Според ова, ДУИ би изгубила еден пратеник а БЕСА би добила 3 тројца. Аналитичарот Џељал Незири вели дека отворените листи им даваат можност на граѓаните да изберат за кој пратеник посебно сакаат да гласаат.

Пратеникот Антонијо Милошоски пак, смета дека ова е повторно само  една игра на власта, бидејки знае дека два месеци пред изборите не е можно да се измени иѕборниот законик.

„Една изборна единица не би го намалила бројот на албански пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во изминатиот период беа на власт и добро ја знаат актуелната географија со 6 изборни единици и оваа географија им донесе последователни победи. Измената на овој модел би ја нарушил победничката географија на двете партии и би го довела во прашање резултатот на следните избори. Повеќе е заштита на партиските интереси поврзани со изборната географија отколку водењето сметка за бројот на албански пратеници“, истакна Џелал Незири.

Но кои се предностите на моделот со 6 изборни единици а кои на моделот со една изборна единица? Џабир Дерала од ЦИВИЛ вели дека сегашниот модел со 6 изборни единици има повеќе недостатоци отколку предности, а моделот со една изборна единица има една маана а тоа е дека народните избраници може да се концентрирани само во Скопје.

На социјалните мрежи имаше и преписки меѓу СДСМ и ДУИ во врска со изборниот модел. Мухамед Зекири од СДСМ вели дека со една изборна единица не губат Албанците како што претендира ДУИ туку губи само ДУИ. Следеше реакција и од Блерим Беџети од ДУИ кој го демантираше пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири велејќи дека познавачите на сите овие прашања излегле со математики кои ги демантираат бројките на неговата партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.