Во центарот на Охрид веќе неколку часови на сред кружен тек се паркирани две лукзусни возила од кои едниот сличен мерцедес на “Тенкот”!

Објавил: Македонка Димкин | 8 јуни, 2018 11:50

КОЈ ТОА СМЕЕ НЕПРОПИСНО ДА ПАРКИРА ЛУКСУЗЕН МЕРЦЕДЕС ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД?

Фото/Текст извор: ©Магазин

Денес претпладне ни пристигнаа неколку фотографии од наши читатели каде тие се жалат на селекцијата врз возачката култура која е повеќе од брутална!

Имено додека , туристи, граѓани на Охрид и Македонија безуспешно се трудат да пронајдат погодно паркплатц место, во центарот на Охрид веќе неколку часа на средина од кружниот тек непрописно се паркирани две луксузни возила, од кои едното наликува на “тенкот” кој требаше веќе одамна да биде продаден и заменет за 10 тина модерни амбулантни возила.

Не, не се работи за играчката на Заев, но сепак се поставува прашањето кој тоа смее во центарот на Охрид да паркира непрописно и плус бесплатно?

Ова не е коректно, никако, ова е лоша порака до нас совесните бозачи пишува читателот, ова е чиста провокација, не е спорно да се запре тука поради некоја си висока делњгација, но со часови да се паркира непрописно во сред туристичка сезона е вреѓање на секој собесен возач и интелект.

Полицијата во овој дел на градот редовно патролира и тоа на секој пола час, но сепак не реагираа на погрешно паркираните возила. Тоа значи само едно , тоа се владини возила ( шоферот заминал со нив) или пак некои моќници од типот на Братучедот ( овде мисли на Мијалков) кои паркираат каде ќе стигнат и никој не им можи ништо. П.М

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.