Елена промовираше нов албум

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 10:36

„Кој што ме чуе да пеам“ е насловот на новиот албумот на Елена Андоновска

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Младата македонска фолк-пејачка Елена Андоновска го промовираше својот  музички албум насловен „Кој што ме чуе да пеам“.

Изданието содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од доајените на македонска изворна и новосоздадена песна: Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски…

Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски, давајки им современ и урбан израз, но тие сепак го задржале автентичниот македонски мелос.

Во подготовката на албумот учествувале реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата „Седенка“, а албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во  продукција на Ангел Ќосев.

Како лајт-мотив од албумот „Кој што ме чуе да пеам“, Елена неодамна го промовираше првиот синл и видео за песната „Босо моме“.

Истиот е снимен во прекрасните предели на Западна Македонија и преубавата природа на Лазарополе, а видеото го потпишува „Арт продукција“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фолк

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски кој премиерно ја испеа “Велат нѐ нема, ама еве сме”!.

Велат не нема ама еве сме, солзи и радост кај Негушани во Егејска Македонија! (ВИДЕО)

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски...