33 дена годишен одмор, бесплатен ручек и можност да креирате содржини за милиони луѓе, пишува во огласот за работното место.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2019 17:11

Кралицата Елизабета бара човек од доверба: Му нуди 300.000 динари, а единствено треба да го прави ова

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британското кралство бара водич на друштвените мрежи кој ќе се грижи за имиџот на кралицата Елизабета (93).

33 денови годишен одмор, бесплатен ручек и можност да креирате содржини за милиони луѓе, пишува во огласот за работното место.

Неодамна кралицата бараше и кувар, но платата за многу беше разочарување. Кралицата обожава да јадење чоколадо и торти, стекови, риба но послебно сака да има човек од доберба во кујната, но платата изнесуваше околу 236.000 динари месечно.

Елизабета II е кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт.

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и Ко-Принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Според Вестминстерскиот статут од 1931 год, таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на тронот во 1952 год.

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонови Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белизе и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16-те земји во кои таа е Кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители.

Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата.

Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и Шеф на Комонвелтот, Врховен Поглавар на Англиканската црква, Војвода од Нормандија, Лорд на островот Ман, Врховен командант на армијата на Велика Британија, Врховен командант на армијата на Канада, Врховен адмирал на морнарицата и др.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.