Една од низата познати личности заболени од коронавирус била и американската пејачка Мадона. Таа на својот  Инстаграм профил објави дека била заразена со коронавирус но не била свесна за тоа. Имено пејачката откри дека од вирусот се заболела  кога гостувала во Париз, во склоп на својата светска турнеја „Мадам Х“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 19:05

Кралицата на поп музиката Мадона била болна од коронавирус: Мислев дека е тежок грип!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страшниот коронавирус, КОВИД-19 кој се рашири низ целиот свет, не ги поштеди ниту познатите личности.

Мадона Луис Чиконе (официјално Мадона, на англиски: Madonna Louise Ciccone или Madonna), родена на 16 август 1958 година, е американска пејачка, танчерка, текстописец, продуцент, актерка и писателка. Позната и како „Кралица на попот“, Мадона ја стекнала својата слава со нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми.
Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата на популарната музика, како и за секс симбол на денешницата. Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризирала Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со околу 120 милиони продадени албуми. „Ворнер Брос“, куќата која ги издава нејзините албуми, изјавила дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласала Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.

Една од низата познати личности заболени од коронавирус била и американската пејачка Мадона. Таа на својот  Инстаграм профил објави дека била заразена со коронавирус но не била свесна за тоа. Имено пејачката откри дека од вирусот се заболела  кога гостувала во Париз, во склоп на својата светска турнеја „Мадам Х“.

Имено Мадона која е поп пејачка и на музичката сцена е долги години, ги извести своите фанови дека донирала 1,1 милион долари за медицински и научни истражувања и тоа со цел што побрзо да се пронајде лек, т.е. вакцина за вирусот ковид-19.

„Благодарна сум и среќна што можам да помогнам! Во моментот не сум болна, но неодамна се тестирав на коронавирусни антитела и наодот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена… Се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои во тоа време соработував.

Пејачката исто така откри дека не била единствената заболена од коронавирус во тоа време.

„Сите мислевме дека имаме многу тешки форми на грип. Му благодарам на Господ, сега сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ!“, напишала 61-годишната Мадона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.