Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, веќе има значително водство пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2021 22:15

КРАЈ ЗА ШИЛЕГОВ: Данела Арсовска нова градоначалничка на Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

Благодарам што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје, ова вечерва преку прес-конференција го истакна новиот градоначалник Данела Арсовска.

По тешки битки ако можам така да го наречам во оваа кампања мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување на мое големо задоволство истакнувам дека во Скопје за прв пат по 30 години од независноста има жена за градоначалник, вели Арсовска.

Таа додава дека уште од утре започнуваат со реализирање на проектите за градот.

Арсовска, пак, само во Гази Баба и Аеродром засега прави разлика од над 14 000 гласа!

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, веќе има значително водство пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

По пребројани 56,93% од гласовите, Арсовска има 56% од гласовите, додека за Шилегов гласале 40,46%. Во апсолутни бројки, за Данела Арсовска гласале 65 866 гласачи, додека за актуелниот прв човек на Скопје – 47 558!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.