По објавувањето на вознемирувачкото видео на DOSIE.MK за агонијата на Илинка Арсова со тешка операција од мозочен удар и отворена дупка- рана декубит на грбот, која ја лазеа муви во кумановската болница е веќе сместена и се лечи во Приватната болница Acibadem Sistina во Скопје. Таа вчера  во придужба на лекарски тим и со специјално амбулатно возило на Систина е пренесена од Кумановската болница и сместена е во одделение за интензивна нега. За неа ќе се грижи тимот на доктор Мите Караѓозов.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 11:42

КРАЈ НА АГОНИЈАТА: Acibadem Sistina експресно и бесплатнo ја згрижи жената со мозочен удар која ја лазеа муви

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Илинка Арсовска од село Пелинеце е 43 годишна жена која во кумановската болница ја доживеа најтешката агонија во животот. Лежела со отворена рана, ја лазеле и муви, вчера од Болницата Аџибадем Систина ставија крај на агонијата, ескпресно и бесплатно ја згрижија жената.

По објавувањето на вознемирувачкото видео на DOSIE.MK за агонијата на Илинка Арсова со тешка операција од мозочен удар и отворена дупка- рана декубит на грбот, која ја лазеа муви во кумановската болница е веќе сместена и се лечи во Приватната болница Acibadem Sistina во Скопје. Таа вчера  во придужба на лекарски тим и со специјално амбулатно возило на Систина е пренесена од Кумановската болница и сместена е во одделение за интензивна нега. За неа ќе се грижи тимот на доктор Мите Караѓозов.

“Лекувањето, сместувањето и грижата за нејзе е на терет на болницата. Анѓелите пристигнаа за Илинка, Ви благодарам д-р Караѓозов, Г-дин Орце Камчев и комплетниот персонал во болницата. Додека од клиниката на Жан Митрев чекаа да уплатиме 440.000 ден.” и пациентката да дојде во полоша состојба” , во овој момент од болницата на СИСТИНА патуват со свое болничко возило да ја превземат пациентката од Куманово. БЛАГОДАРИМЕ НА ЦЕЛИОТ ТИМ ВО СИСТИНА. ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ”,објави на ФБ активискатаМери Николова Буџаку.

Инаку жената во ваква состојба живеела три месеци,  за среќа лекарскиот тим на приватната болница стави крај на агонијата на оваа кумановчанка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.