Убиствата земааат голем замав, полицијата: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Објавил: Македонка Димкин | 2 март, 2019 19:45

НОВИ СОЗНАНИЈА: Убиеното 23 годишно момче било ликвидирано од најмалку тројца

Фото/Текст извор: ©Фото Архива убиство Србија / Алсат

Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум завчера доцна попладне починал од истрели од огнено оружје. Според информациите за Алсат од Свр Охрид,настанот се случил денес околу 18.40 часот , кога лицето У. В. (роден 1997) од с. Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. 23- ти годишниот З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во општата болница во Струга

ОБНОВЕНО 2,03,2018. 18,00

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење  основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик

.Од Основното јавно обвинителство информираат дека во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.Осомничените, како што наведуваат, се лишени од слобода и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица

Поум е село во Општина Струга. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 168 жители. Од нив дури 164 се од албанска етничка припадност 

Лицето кое што пукало У.В. како што  изјавија од полицијата за Алсат сам се пријавил во Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот гласи соопштението од полицијата.

Според неофицијлни информации настанот се случил при сеча на дрва во околната шума. Неофицијално двете страни уште  од порано имале меѓусеби недоразбирања поврзани со имоти насадени со дрва.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намалена за 15.3 % во однос на претходната година и изнесува 421 умрено лицe. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 %.

Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“  имаат најголемо учество со 15.7 %.Во категоријата „Убиства“, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“, со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“, со 66.0 %, потоа  „Самоубиствата“, со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %.

Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна  повреда“, со учество од 26.1 %.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника