Синот на најбогатиот србин, Драгомир Кариќ, Симон Кариќ, доби повеќе удари во главата и во пределот на слепоочницата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јули, 2019 16:25

КРВАВА СЦЕНА: Претепан синот на најбогатиот србин Драгомир Кариќ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Симон Кариќ денеска беше брутално претепан во Кајмакчаланската улица во Белград.

Синот на најбогатиот србин, Драгомир Кариќ, Симон Кариќ, доби повеќе удари во главата и во пределот на слепоочницата. Спрема првите информации, Симон Кариќ се наоѓал во алкохолизирана состојба, а полицијата веднаш по пријавата излегла на лице место.

Спрема пишувањето на Курир.рс, Кариќ седел со свој пријател во локалот, кога тој почнал без никаква причина да го напаѓа и притоа му нанесол повеќе удари во главата.

Симон Кариќ денеска беше брутално претепан во Кајмакчаланската улица во Белград.

После неколку минути Кариќ изјавил дека го претепале повеќе непознати лица, кои побегнале пред да стигне полицијата.

Тој е и внук на бизнисменот Сретен Кариќ, кој почина после долга и тешка болест. Сретен беше најстариот син во семејната империја Кариќ, ја имаше функцијата на Генерален директор на Мобтел, претседател на Астра група и на чело на Здружението на индустријалци и претприемачи.

Вишото јавно обвинителство во Белград, неодамна ја прекина истрагата против него и 14 осомничени, кои се товареа дека го оштетиле Мобтел за повеќе од 60 милиони евра.
Сретен е најстариот од браќата Кариќ, покрај најпознатиот меѓу нив Богољуб, потоа Драгомир и Зоран.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...