Бизнисменот Сашо Мијалков со болеста се соочува повеќе од шест години, а интервенцијата за која бараше да замине во странство не може да се направи на клиниките во Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 30 јули, 2019 18:52

Кривичен нема да му го врати пасошот на Мијалков, судот и СЈО му забранија лекување!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Кривичниот суд денеска одби да му го врати пасошот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој тврдеше дека му е потребен за да замине на лекување во странство.

Милајков доби првостепена пресуда од три години затвор во случајот „Титаник 2“ за манипулации на локалните избори во 2013 – та година.

„Кривичниот совет по добивање на целокупната документација поврзана со барањето согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето. Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го одби како неосновано.“ – се вели во соопштението од Судот.

Мендух Тачи исто така беше обвинет за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и доби затворска казна од три години , за истото дело затворски казни од три години добија и Бедредин Ибреими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефаноска.

Бизнисменот Сашо Мијалков со болеста се соочува повеќе од шест години, а интервенцијата за која бараше да замине во странство не може да се направи на клиниките во Македонија.

Во Кривичниот суд во март беше објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.