Во Кичево покрената Кривична пријава против брачен пар кој ги принудувал трите деца да питачат и да се проституираат

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 6:38

Кривична за кичевчани за малтретирање на сопствените деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “запуштање и малтретирање на дете” надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М. 34 годишен и С.М. 30 годишен двајцата од Кичево.

Во текот на минатата и оваа година пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист психички и физички ги малтретирале нивните три малолетни деца а потоа ги присилувале да излегуваат на улица во Кичево и во други градови и да питачат а девојчињата ги терале да се проституираат.

Со пријавените како и со малолетните деца е извршен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи од Кичево информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести