Експертскиот тим на „Зелена лупа“ смета дека тие како членови на Кривичниот совет при одлучувањето по жалбите за притвор на обвинетите Н. Грујовски и Н. Бошкоски без законска основа не донеле решенија за отфрлање на поднесените жалби како недозволени.

Објавил: admin@magazin | 27 август, 2019 7:11

Кривичнa пријавa за врховните судии Васил Грчев и Киро Здравев за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кривичнa пријавa за Врховните судии Васил Грчев и Киро Здравев за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски поднесоа од Граѓанската организација „Зелена лупа“ до Советот за утврдување факти и поведување одговорност на судии.

Експертскиот тим на „Зелена лупа“ смета дека тие како членови на Кривичниот совет при одлучувањето по жалбите за притвор на обвинетите Н. Грујовски и Н. Бошкоски без законска основа не донеле решенија за отфрлање на поднесените жалби како недозволени, туку по нив решавале, постапка што двајцата обвинети ја искористиле и знаејќи дека се обвинети за тешки кривични дела за кои се пропишани високи казни затвор и за определената мерка притвор, се дале во бегство и сè уште не им се достапни на органите на прогонот и на другите државни органи на Република Македонија, пишува iportal.mk.

Јавноста и експертите и претходно предупредуваа дека тие требаше веднаш да се спроведат во притвор а не да се чека на одлуката на Врховниот суд и да им се остави можност да избегаат.

– Доставувањето на решението за притвор и правото на жалба пропишани се во одредбите од член 169 од Законот за кривичната постапка, во кои одредби воопшто не е пропишано правото на жалба против решението на Апелацискиот суд.

Доколку тоа не им било познато на судиите, тогаш судиската функција ја вршеле нестручно и несовесно по наведените предмети, што претставува потешка повреда пропишана во Законот за судовите.

Доколку тоа го знаеле, тогаш со своите постапки ја злоупотребиле службената положба како членови на Кривичниот совет на Врховниот суд, што исто така претставува потешка повреда според Законот за судовите“, велат правните експерти од ова здружение.

Грујовски и Бошковски се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести