На штотуку завршената седница на Кризниот штаб во Србија беше одлучено на 31 декември 2020 година и 1 јануари 2021 година угостителските објекти да работат до 18 часот, дознава Курир.рс!
Објектите за малопродажба ќе бидат отворени до 20 часот во тие два дена.
Одлуката е донесена едногласно. Тековните мерки, освен за тие два дена, се продолжуваат до 11 јануари.
Ова значи дека сè работи до 20 часот на 29 и 30 декември, како и од 2 до 11 јануари.
Кризниот штаб само го потврди очекуваното, дека нема да има организирана новогодишна ноќ.
Повеќе детали наскоро …
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.