Исто така угледниот француски весник „Ле Поен“ ја искритикуваше одлуката на Емануел Макрон за време на самиотот.

Објавил: Весна Петровска | 23 октомври, 2019 13:55

Критики од сите страни за ЕУ: Сите истомисленици – НАПРАВЕНА Е ИСТОРИСКА ГРЕШКА

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Од сите страни пристигнуваат коментари дека е направена историска грешка што Македонија не доби датум за преговори со ЕУ.

Исто така угледниот француски весник „Ле Поен“ ја искритикуваше одлуката на Емануел Макрон за време на самиотот.

– Во миг кога Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го пушта Балкан низ вода. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа предаде дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција. Жално е да се види, како во Сирија, откажување на Западот, пораз на демократијата и на европските вредност, пишува Бароше.

Посочува дека францускиот претседател ставил вето на 18 октомври во Брисел и покрај позитивното гласање на Европскиот Парламент и согласноста на речиси сите земји членки на предлогот на Комисијата да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Пораката што се испраќа на тој начин до балканските земји е спорна: без разлика дали се реформирате, дали ги прифаќате нашите вредности, Франција не ве сака во Унијата. Точно е дека Албанија е спорен случај. Северна Македонија, пак, е примерен ученик. Таа не престана да се реформира. Влезе во ефикасна борба против корупцијата. Избра проевропска влада. И отиде дотаму да го промени своето име! Преку договор со Атина, која смета дека има право исто колку Скопје на античкото македонско наследство, поранешната југословенска република Македонија отсега се нарекува Северна Македонија. На некој начин тоа е како Германија да ја натера Франција да го смени своето име затоа што Франките биле германско племе. Можеме да замислиме колку ова барање било тешко да се прифати за македонскиот народ. Со тоа што не ја награди оваа реформска храброст, Европа го погази сопствениот збор, се наведува во коментарот.

Исто така и Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка.

– Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата.

Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.

Бугарската агенција БГНес која ја пренесува изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон ставил вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана.

И белградскиот весник „Данас“ направи анализа како би случајот со Северна Македонија ќе влијае на проевропските сили во Србија

Белградскиот весник „Данас“ во анализата за влијанието на француската блокада на Северна Македонија, врз проевропските сили во Србија, констатира дека стопирањето на напредокот на Северна Македонија и Албанија во европските интеграции може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани, но не би смеело да биде и за проевропските политичари во Србија.

Во оваа ситуација потребно е редефинирање на односите со администрацијата во Брисел и политичките чинители, но ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определба на Србија, оценија соговорниците на Данас.

Професорот на Филозовскиот факултет во Белград и основач на новиот политички клуб „Глас“, Никола Самарџиќ, оцени дека ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определбата на Србија.

– Одлуката на ЕУ да не одреди датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија ги враќа Северна Македонија и Србија во зоната на руско влијание, додека Црна Гора и Албанија се релативно стабилни благодарение на членството во НАТО. Кои пораки ќе ги испратиме до гласачите во Србија и Северна Македонија, во овој момент, би помислил на тоа дека борбата за Европа е борба за самите нас, за уредена заедница на владеење на правото и дека можеби повеќе од кога и да е сме упатени едни на други.

Самарџиќ во анализата на Данас испраќа и лична порака до премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, дека му е на располагање бидејќи секоја политичка борба која води кон европска и на интеграција на соседите, е борба на сите нас за сите нас заедно.

– Охрабруваат ставовите на Грција и на повеќето земји-членки на ЕУ за правото и потребата од акција на ЕУ за помош на Западен Балкан. Следната година, на парламентарните избори во Србија и Северна Македонија, ЕУ не смее да престане да биде главна тема на нашата определба. Не смееме да исчезнеме во политичката глупост додека власта и опозицијата се во трка во популизам и неодговорност-заклучува Самарџиќ.

Според претседател на Декократската странка (ДС), Зоран Лутовац, оваа одлука, за жал, може да делува дестимулирачка за граѓаните и како изговор за владејачката коалиција која е само реторичка, но не и суштински за европските интеграции.

– Сепак, ова врз проевропските политичари не треба да дејствува. Ова е наша стратешка надворешно-политичка цел и ние сме должни да ги надминеме сите пречки на тој пат, вклучително и грешките на земјите членки и на администрацијата на ЕУ, смета Лутовац.

И Ѓорѓе Жујовиќ, член на претседателството на ЛДП оцени дека одлуката на ЕУ е прилично разочарувачка и доаѓа во тешко време, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, а особено за Србија.

– На секого му е јасно дека ова не беше првенствено порака само за Македонија и за нејзиното општество и политичките елити, туку за целиот регион, кој прилично бавно се движи на патот на интегрирањето во ЕУ. Комплицирани и нејасни процедури, разни дипломати и комесари без чувство за политика, двоумење и одовлекување, се се тоа причини зошто поддршката за европската идеја опаѓа, а растат силите кои завземаат поинаков поглед од нашите надворешни и внатрешни приоритети. Кога ова ќе го помешате со недемократските или корумпирани власти, каков што е случајот денес во Србија, добивате однос помеѓу владите на балканските земји и ЕУ, во кој се гледа се повеќе и повеќе испразно тапкање по раменици и се помалку искреност и вистинска почит – објаснува Жујовиќ.

„Сепак, за ЛДП не е спорен европски пат но очигледно е неопходно да се редефинираат нашите односи со бриселската администрација и политичките фактори, затоа што овој пат на Србија кон ЕУ не е неуспех само за нас што живееме тука, туку и на целата конгломерација на разни бирократи и дипломати кои се чини дека се изгубени кога ќе дојдат во Србија без чувства од каде доаѓаат – вели Жујовиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.