Превкусни кроасани со нутела.

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2019 22:28

Кроасани со нутела !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Нутела е име на бренд, сладок крем од лешник, создаден од италијанската компанија Фереро. Овие вкусни кроасани ќе ги наполните баш со овој познат италијански бренд од чоколадо.

Ако се двоумите што вкусно да направите утре за вашиот поручек, ние имаме одлична идеа.

По ваша желба можете да ги посипете одозгора со шеќер во прав !

Состојки

1кг брашно

1 квасец

250 мл млеко

250 мл вода

1 лаж сол

2 јајца (едното за премачкување )

4-5 лаж. масло

250 гр маргарин за премачкување

Неколку лажички нутела

Подготовка:

Го ставаме квасецот во пола шоља топло млеко, со лажица брашно и шеќер и чекаме да надојди. Од брашното, солта, квасецот и другите состојки замрсуваме тесто, средно меко да биди замесено.

Од тестото правиме 16 топчиња, од кое секое го развлекувате со сукалка , ја премачкуваме со маргарин и редиме по осум кори една над друга последната не ја премачкуваме.

Така ќе добиеме на две места по осум кори. Ги покриваме со крпа да одморат околу 15 до 20 минути. Потоа од едното купче со кори развлекуваме една голема кора, ја делиме најпрво на четири дела, а после и секој дел на пет шест помали.

На секој триаголник ставаме лаж. нутела и завиткуваме во кифличка. Ги ставаме во ( претходно намачкан со масло )плех. Оставаме да одморат уште еден сат пред печење, покриени со платнена крпа.
Потоа ги премачкуваме со јајце и откако се готови и малку да пооладат се става шеќер во прав одозгора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.