Во знак на протест против усвојување на закон за слобода на вероисповед, беше блокиран кружен тек на влезот на аеродромот во Подгорица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 декември, 2019 9:54

Кршење на инвертарот, викотници- еве како почна инцидентот во црногорскиот Парламент

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера додека црногорскиот парламент расправаше по предлог-законот за слобода на религија, верниците од Српската православна црква (СПЦ) од Плевjeа го блокираа мостот Тара.

Во знак на протест против усвојување на закон за слобода на вероисповед, беше блокиран кружен тек на влезот на аеродромот во Подгорица.

Црногорската влада оваа недела на своите официјални страници објави „митови“ за предлог законот, како тоа дека „државата го граба имотот на верските заедници“.„Со овој закон се утврдува едноставниот правен факт дека културното богатство кое со векови е создавано со државни пари ѝ припаѓа на државата, односно на сите граѓани“, се наведува во објавата.

Инаку пратениците на опозицискиот фронт во Црна Гора, предводени од Андрија Мандиќ, предизвикаа инцидент во црногорскиот Парламент.

Целиот хаос кој се случуваше во парламентот го сними опозициската пратеничка, Марина Јочиќ, при што на почетокот на инцидентот може да се види кршење на инвентарот. 

По воој инцидент предизвикан од опозициските пратеници тие беа приведени, а пратеничката Јочиќ во чија спственост е и објавеното видео го повика народот да излезе на улица и да се спротистави на донесувањето на ваквиот закон.

Целот хаос во парламентот настана поради носењето на Законот за верски слободи. Со овој закон се предвидува црногорската држава да стане сопственик на верските објекти за кои верските заедници нема да може да докажат сопственост.

Но и покрај сите негодувања Собранието на Црна Гора  рано утринава го усвои Законот за слобода на вероисповедта, јави МИА.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

Седницата на Собранието беше прекината кога полицијата ги приведе пратениците на Демократскиот фронт, по инцидентот во пленарната сала.

По целата ситуација се огласи и српскиот патријарх Иринеј кој изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповед или уверувањата и правната положба на верските заедници, соопшти Српската православна црква (СПЦ).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.