Како што изјави на Твитер, членови на дипломатски мисии и дипломати, здравствен персонал на владата и приватниот сектор беа исклучени од тие мерки, во согласност со списокот одобрен од Министерството за здравство на таа земја, пренесува Ројтерс.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 февруари, 2021 20:04

КУВАЈТ ИМ ЗАБРАНИ НА СТРАНЦИТЕ ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА: Ослободени се само дипломатите, лекарите и бизнисмените

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес, на лица кои не се државјани на Кувајт нема да им биде дозволен влез во таа земја, објави кувајтската цивилна авијација.

Како што изјави на Твитер, членови на дипломатски мисии и дипломати, здравствен персонал на владата и приватниот сектор беа исклучени од тие мерки, во согласност со списокот одобрен од Министерството за здравство на таа земја, пренесува Ројтерс.

Новите мерки беа преземени во време кога владата на Кувајт се обидува да го потисне бројот на заразени со вирусот, од кои има 170.998 во таа земја, според веб-страницата „Ворлдомерс“.

Од почетокот на пандемијата во Кувајт, 966 лица починале како резултат на вирусот корона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.