Почетокот на 2019-та го одбележаа реакции по резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од културата, што е веќе видено, а ново во годината што измина беа новите имиња на институциите.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2020 17:24

КУЛТУРА 2019: Годината беше најуспешна за филмот

Фото/Текст извор: ©миа

Во 2019 видовме три нови филма кои светските премиери ги имаа на престижни фестивали и ги следеа одлични рецензии, гледаност и меѓународни награди. Еден од нив, документарниот „Медена земја“, е на чекор до номинација за „Оскар“, и тоа во две категории, а како ќе одлучи Американската филмска академија ќе дознаеме наскоро.

Почетокот на 2019-та го одбележаа реакции по резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од културата, што е веќе видено, а ново во годината што измина беа новите имиња на институциите.

Со придавката северна што произлезе од Преспанскиот договор, кој официјално стапи во сила на 12 февруари 2019, и институциите од културата, како и сите други државни, ги приспособија своите називи.
Единствено Македонскиот народен театар остана со непроменето име, МАНУ го задржа препознатливиот акроним, но не и Операта и Балетот, па оваа институција од МОБ стана НОБ, што се совпадна со кратенка која ја знаеме во нејзиното историско значење.

Февруари 2019 како и во претходната година беше бурен во културата откако беше објавена Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес. Тогашниот министер Асаф Адеми беше уверен дека нема да се повтори 2018-та зашто комисиите по дејности ги соопшти однапред, а отвори и телефонска линија за да се укажуваат неправилности.

. Во јуни 2017 во новата влада за министер беше назначен Роберт Алаѓозовски, во јуни 2018 министер стана Асаф Адеми, кој во јуни 2019 функцијата му ја предаде на сопартиецот од „Алтернатива“ – Хусни Исмаили, доктор ревматолог од Тетово.

Но повторно имаше бројни реакции од незадоволни, пропуштени или „потценети“ во одлуките на комисиите. Следуваа преразгледувања на спорните апликации, со препораки и дополнителен рок за комплетирање на документацијата за тие што не се пријавиле соодветно, а меѓу нив беа и познати фестивали.
За две години во Владата на Зоран Заев, добивме трет министер за култура и трета година по ред ресорот беше примопредаден во јуни. Во јуни 2017 во новата влада за министер беше назначен Роберт Алаѓозовски, во јуни 2018 министер стана Асаф Адеми, кој во јуни 2019 функцијата му ја предаде на сопартиецот од „Алтернатива“ – Хусни Исмаили, доктор ревматолог од Тетово.

На средбата што следуваше по две недели со премиерот и ресорниот министер, водството на СКРМ доби позитивен сигнал дека ќе имаат колективен од јануари 2020, за по еден месец повторно да искаже незадоволство поради тоа што динамиката не е во чекор со добрата волја во Министерството да им се излезе во пресрет на нивните барања.
Резултираше со еднодневен предупредувачки штрајк на 24 декември, кога вработените во културата беа на работните места, но не ги извршуваа обврските. Договорот, конечно, се случи. СКРМ заедно со СОНК го потпиша колективниот со Министерството за култура на претпоследниот ден од 2019-та. Треба да стапи во сила на почетокот на годинава, а новите коефициенти за плати ќе почнат да се применуваат најдоцна од јули.
До 1 февруари 2020, пак, е рокот што нашата земја го доби од УНЕСКО да достави извештај за напредокот во остварувањето на препораките во однос на дивоградбите на брегот од Охридското Езеро, што го доведува во прашање покровителството на светската организација која пред 40 години ја призна културната и природната посебност на Охрид и регионот.

Врз основа на тој извештај УНЕСКО повторно ќе го разгледува случајот на следната седница на Комитетот за светско наследство во јуни 2020, откако на неговата 43-та седница во Баку летото беше даден рокот и одлучено природното и културното наследство во Охридскиот Регион (засега) да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

2019-та беше најуспешна за македонската кинематографија и во знакот на два филма кои постојано редеа награди на фестивалите – документарецот „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска и играниот копродукциски „Господ постои името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска.

Владата им прати на општините Охрид и Струга препораки за отстранување на спорните објекти на крајбрежјето, што е само еден сегмент од обврските кон УНЕСКО. Во согласност со препораките на светската организација, во Предлог-законот за легализација на дивоградби не се опфатени Охрид и Струга.
Од седница за пратенички прашања премиерот Заев порача дека и сто хотели да се изградат на брегот е залудно ако се уништи статусот од УНЕСКО.

-Не треба да се ставаат комплетни мораториуми, но треба да се има менаџмент таму каде што е тоа изнасилено… Не мора хотелот да го ставите на плажата, може да го направите и во периферијата или на други места каде што нема да го загрози статусот на УНЕСКО, рече Заев.

Атиџе и Петрунија низ светот, Манчевски се врати дома
2019-та беше најуспешна за македонската кинематографија и во знакот на два филма кои постојано редеа награди на фестивалите – документарецот „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска и играниот копродукциски „Господ постои името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска.

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесен избор за номинација за „Оскар“ во две категории – за најдобар документарец е на листата на 15 селектирани (од 159 квалификувани), а во категоријата за најдобар странски филм е на списокот со 10 селектирани од 91 пријавен филм. Американската филмска академија на 13 јануари ќе ги соопшти номинациите со петте кандидати во трка за најпрестижната филмска награда.
На филмот за Атиџе Муратова, последната собирачка на мед од диви пчели во Европа која живее сиромашно но со грижа за екобалансот, му тргна уште во јануари со наградите во три категории на американскиот фестивал за независни филмови „Санденс“, каде што триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет.

Беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец и на Европските филмски награди, „Њујорк тајмс“ го прогласи за најдобар во 2019, признанија доби и на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес и од њујоршките филмски критичари…
Филмот за Петрунија, пак, за млада жена која се бори со стереотипите во една малограѓанска средина, светската премиера ја имаше во февруари во официјалната селекција на Берлинскиот филмски фестивал, каде што доби и две награди. Меѓу престижните во низата награди за Петрунија е и „Лукс“ на Европскиот парламент (LUX Film Prize 2019) посветена на промоција на европската кинематографија, за која одлучи жири составено од европратеници.

Ретко откритие годинава имаше на локалитетот Стоби. Учесниците на летната интернационална школа за теренска археологија пронајдоа мермерна скулптура со претстава на Дионис – богот на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.

А режисерот Милчо Манчевски по речиси десет години повторно сними филм во земјава. Неговиот шести игран филм „Врба“ во октомври имаше светска премиера на Римскиот филмски фестивал, на кој првпат македонски филм беше во официјалната селекција.

Пред домашната публика беше прикажан две недели подоцна со гала-премиера. Продукцијата соопшти дека за еден месец во кината низ земјава филмот го виделе 26 000 гледачи, а по првите гостувања на светските фестивали доби и одлични рецензии во „Холивуд репортер“ и „Скрин интернешенал“. Во 2019 година беше одбележан и четврт век од премиерата на првиот игран филм на Манчевски „Пред дождот“ и од добивањето на „Златниот лав“ во Венеција.
Требениште во монографија, Акведуктот и МНТ во полициски билтени
Дома, но привремено, се врати и охридската златна маска што ни е позната само од банкнотата од 500 денари. Дојде од нејзиното постојано „живеалиште“ во музејот во Белград. Од средината на март до крајот на август со околу 400 артефакти беше изложена во Археолошкиот музеј, кој ја организираше меѓународната презентација заедно со музеите во Белград и Софија. Затоа што таму се наоѓаат по две златни маски најдени кај охридско Требениште и сите четири беа пет месеци на изложба во Скопје.

Поводот беше еден век од првото откритие на вредни наоди во некрополата Требениште. Беше објавена и обемна монографија за сите најдени предмети кои по две и пол илјади години скриени под слоеви земја, сега сведочат за моќта, богатството и вкусот на требенишките великани што во 6 и 5 век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро.

Ретко откритие годинава имаше на локалитетот Стоби. Учесниците на летната интернационална школа за теренска археологија пронајдоа мермерна скулптура со претстава на Дионис – богот на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза. Скулптурата веројатно била изработена меѓу 2 и 3 век. Откриена е во остатоци од урнат ѕид од куќа од 6 век во која била употребена како градежен материјал. Зачувана е во височина од околу 50 см, без главата, десната рака и постаментот со стапалата.

А додека ја чека конзервацијата што беше најавена во 2018-та, Скопскиот акведукт во Визбегово, кој е заштитено културно наследство од прва категорија, во октомври осамна со големи оштетувања на десет носечки столбови. МВР води истрага и засега сторителот е непознат. Имаше претпоставки дека го оштетиле диви копачи кои бараат злато во неговите темели.
Беше оштетен и инвентар во Македонскиот народен театар по прославата на „Шверцери“, но освен штетата проценета на околу 4.000 евра, не се доразјасни кој ги организирал навивачите на ФК „Шкупи“ во театарот да слават јубилеј. На раководството на МНТ му бил пријавен само претходниот настан вечерта на 22 ноември – академија за Денот на албанската азбука организирана од новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, но не и втората прослава што потоа се надоврзала.

Еден месец по инцидентот, Владата на седница ја лоцираше одговорноста (само) кај директорката на театарот затоа што без писмен договор дала согласност за отстапување на МНТ, а организаторите на настанот треба да ја надоместат штетата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.