Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 23 септември, 2021 4:16

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање на финансиска поддршка за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница. Куманово за семејствата ќе одвои 100.000 денари.

Длабоко сочувствуваме со овие семејства, знаеме дека нивната загуба не може никој да ја надомести средствата не се високи, ова е мал гест и сакаме да им покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти, изјави Ивана Николиќ, советник од СДСМ.

Таа додаде дека ако постои финансиска пречка за исплата на овие средства, тогаш парите ќе бидат исплатени по одржувањето на локалните избори.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

– Сумата не е висока, но сакаме да покажеме дека сочувствуваме со болката на семејствата, како луѓе. Посакуваме на никој да не се случи вакво нешто. Ги повикувам надлежните институции да направат ревизија за да не се повтори ваков настан-изјави Шандева Доневска.

Ова не е прв пат советниците од Куманово да доделат средства за жртви и штети од елементарни непогоди, поплави, земјотреси не само од државата, туку и на градови од соседните држави, Србија, Албанија, БиХ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.