Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 ноември, 2020 6:31

Куновска: Заев е карикатура од премиер кој е најсрамотната презентација на нашата држава за која паметиме

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од фунцијата премиер на Република Северна Македонија, смета актерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска!

За нив нема повеќе место во нашите животи. Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава или можат да чекате (читај да се дозбогатат) да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните.

Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики.

Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата, вели Кунов

Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме.

*Бидејќи не заслужуваат повеќе, во оваа прилика во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема:

1.Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит?

2. Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер, вели Куновска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.