Куновска во интервјуто истакна дека секој чесен интелектуалец во Македонија се чувствува засрамен и згрозен од несоодветниот вокабулар на Заев, неговата наместена наивност, божемна чесност и нагласен примитивизам во јавниот настап и посочува дека тоа го гледаат и деца, кои треба да расудуваат за вредностите на едно општество и да ги вградуваат секојдневно во него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 17:26

Куновска: Интелектуалците се засрамени и згрозени од несоодветниот вокабулар на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за порталот „Фактор“ Софија Куновска отворено зборува за случувањата во нејзината партија, која сега доста ја критикува.

Изборите нема да донесат ништо добро за граѓаните. Владеачките раководства вообичаено, кога не знаат што да прават одат на предвремени избори. Водени од стравот што се надѕира над нивните политички судбини, уверени дека секој нареден ден го јаде нивниот рејтинг, намерата им е единствено да го прекинат трендот на надолно движење со нови избори. Опозицијата пак, е во ќош. Постојано декларативно залагајќи се за смена на власта и продавајќи се за многу силна, не e во позиција да ја одбие ваквата понуда.

Куновска во интервјуто истакна дека секој чесен интелектуалец во Македонија се чувствува засрамен и згрозен од несоодветниот вокабулар на Заев, неговата наместена наивност, божемна чесност и нагласен примитивизам во јавниот настап и посочува дека тоа го гледаат и деца, кои треба да расудуваат за вредностите на едно општество и да ги вградуваат секојдневно во него.

-Органите во СДСМ се безгласна гласачка машинерија. По резултатите од претседателските избори не се одржа ниту конгрес за доверба, што е статутарна обврска. Каде и да чепнете во големите зделки и злоупотреби, ќе дојдете до сознание дека едната фамилија е заменета со една и пол друга. Зоран Заев ја води СДСМ како акционерско друштво во лична сопственост. Да не ја споменувам мизеријата околу помирувањето зад која се одвиваа уцените и пазарите со осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ, вели Куновска во интервјуто.

Таа вели дека членството на владејачката партија веќе одамна е свесно дека партијата го губи угледот.

– Жалам што времето потврди дека раководството на СДСМ се покажа како нискокапацитетно искрено да поддржи и да издржи внатрепартиско брусење на политиките. Изостана односот на уважување на едни кон други, дијалогот, компромисот и чувството на заемна почит. Овие аномалии од партијата се пресликаа и во начинот на водење на државата. Наспроти ова, ако се анализира каналот на големите пари, моќ и влијание, вчудовидувачки е колку лични релации со луѓе од врвот паразитираат на грбот на СДСМ. Драги Рашковски, Ден Дончев, Кочо Анѓушев, разни Башановиќи и многу други, се само дел од луѓето што немаат идеолошки допирни точки со СДСМ, вели Куновска.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.