Неговиот поранешен соработник кој тврди дека бил физички нападнат од Курто Дудуш добил телесни повреди, а за целиот настан постои и аудио материјал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 8:41

Курто Дудуш признава дека има аудио снимка од тепањето во неговата канцеларија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ги користи сите правни можности за да ја избегне правдата. Основен суд Скопје 1 по првото рочиште одлучи, со спогодбена одлука да се реши случајот во кој Дудуш, физички нападнал свој некогашен соработник, известува Алфа  ТВ

Неговиот поранешен соработник кој тврди дека бил физички нападнат од Курто Дудуш добил телесни повреди, а за целиот настан постои и аудио материјал.

Полицијата го испитува случајот со објавената снимка за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Се уште се истражува дали Дудуш навистина киднапира и во канцеларија навредува и тепа извесен Сенат Јашар бидејќи претходно го опцул како што се слуша „на сред Центар“.

Дудуш вчера требаше да одговара за уште еден физички напад во кој жртва е странски државјанин. Сепак рочиштето беше одложено по барање на обвинетиот градоначалник кој не сакаше да даде изјава без својот бранител, кој пак не беше присутен во судницата.

Курто Дудуш на 12 септември во судот изјавил дека задоцнил на рочиштето во кое требаше да се сослушаат странките за случајот со физичкиот напад врз странски државјанин и истото беше одложено, но само недела подоцна, во интервју за Алфа ТВ , тој изјави дека судењето е одложено бидејќи направил смена на адвокатот.

Во обид да ја дознаеме висината денес се упативме во општина Шуто Оризари. Дудуш ненајавен се појави пред нашата камера и си ја призна вината за аудио материјалите, но на останатите прашања наместо да ни одговори го сврте грбот и си замина, објави ТВ АЛФА.

Инаку, пред месец дена граѓаните се јавија во редакцијата на Алфа и реагираа дека градоначалникот Курто Дудуш не се појавува на работното место а тие со денови чекаат на ред за да дојдат до него. Група на граѓани организираа и протести во знак на револт за раскопаните дупки по улиците и катастрофалните услови во кои се наоѓа општината а за кои Курто Дудуш смета дека не се приоритет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика