На вонредната седница Советот донесе одлука да додели еднократна парична помош на три семејствата во висина од 30.000 денари, и за едно семејство еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јануари, 2020 17:38

Курто Дудуш ќе ја донира јануарската плата за семејствата чии куќи беа опожарени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната вонредна седница на општина Шуто Оризари, градоначалникот Курто Дудуш рече дека својата јануарска плата ќе ја донира на семејства чии што куќи се целосно уништени од пожарот, а општинската администрација ќе одвои дел од својата плата, објави Сител.

Курто Дудуш се прослави со изјавата дадена како пратеник од СДСМ во текот на 2017 година, кога на еден собир на граѓани во Шутка им порача на сите да си извадат членска книшка од СДСМ, бидејќи тоа ќе им биде како втора лична карта која ќе им помогне за добивање на социјално, лекарска помош, стипендија, вработување и поништување на сообраќајни казни.

На вонредната седница Советот донесе одлука да додели еднократна парична помош на три семејствата во висина од 30.000 денари, и за едно семејство еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.

-Ја делиме болката на родителите и семејството. Сега ние сме должни на вас како родители, на уште две дечиња и на вашите соседи, кои ги изгубија своите домови да ви помогнеме да го вратите нормалниот живот назад, рече градоначалникот Дудуш на седницата.

Инаку вчера во пожарот во Шуто Оризари загинаа две дечиња на возраст од 3 и година и пол. Пожарот бил пријавен околу 13.25 часот. Кога избувнал пожарот паднал покривот и две дечиња починале на лице место. Први на помош пристигнале соседите кои успеале да спасат две деца. Ситуацијата ја отежнувало тоа што во населбата нема вода.

Курто Дудуш и е познат на јавноста по објавената снимка на која се слуша како тој наводно тепа граѓанин во неговата канцеларија. Дудуш ја одрекуваше вистинитоста на снимката која беше објавенаво јуни минатата година од страна на порталот Економски Лидер. Тој обвини дека снимката е монтирана.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести