„Станува збор за добивање што е можно посигурни вакцини што е можно поскоро, без оглед на тоа кој ги развил“, објасни Курц.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 февруари, 2021 14:15

КУРЦ: Би примил руска или кинеска вакцина – би се обидел да ги произведам во Австрија откако ќе добијам одобрение!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да ги провери и руските и кинеските вакцини и изјави дека тој ќе биде подготвен да се вакцинира со нив.

Курц за германски „Велт ам Зонтаг“ истакна дека, откако двете вакцини ќе бидат одобрени, тој секако ќе се обиде да ги направи достапни капацитетите за производство на руски и кинески вакцини во Австрија.

„Станува збор за добивање што е можно посигурни вакцини што е можно поскоро, без оглед на тоа кој ги развил“, објасни Курц.

Тој посочи дека не смее да има геополитички табу за тоа прашање.

Канцеларот рече дека, доколку тие вакцини бидат одобрени, тој ќе биде подготвен да се вакцинира со Спутник V или кинеската вакцина.

„Најважното нешто во врска со вакцините е дека тие се произведуваат, дека се безбедни и брзо достапни и не треба да станува збор за геополитички борби“, подвлече Курц.

Поради сегашниот недостиг на вакцини во ЕУ, тој ги обвини проблемите во испораката и брзината на одобрување.

Тој смета дека е проблематично колку работи бирократска и бавна ЕМА при одобрување вакцини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.