Денес, вдовицата на Синан, Сабина, исто така поднесе кривична пријава против Рашид Сакиќ, син на Синан од неговиот прв брак, за кој смета дека ја запалил куќата.

Објавил: Перо Милчин | 6 мај, 2020 11:37

Куќата на легендарниот пејач Синан Сакиќ изгоре до темел: Кривична пријава за неговиот син, полицијата трага по него!

Фото/Текст извор: ©телеграф.рс магазин.мк

Вчера, вдовицата на починатиот пејач Синан Сакиќ, Сабина поднесе кривична пријава против Рашид Сакиќ, син на Синан од неговиот прв брак, за кој смета дека ја запалил куќата. Пожарникарите не успеале да се изборат со пожарот, кој, како што дознаваме, започнал од спалната соба.

Ќерката на Синан Сакиќ, која е сопственик на куќата, живее во Швајцарија со своите деца и сопругот, а како што неодамна раскажа за телеграф.рс – нејзиниот брат Рашид Сакиќ со месеци им испраќа заканувачки пораки, кои ги пријавила во полиција.

Вчера, вдовицата на Синан, Сабина, исто така поднесе кривична пријава против Рашид Сакиќ, син на Синан од неговиот прв брак, за кој смета дека ја запалил куќата.

Рашид е син на Синан од неговиот прв брак, кој беше осуден на 12 години затвор, за убиството на Драгоjуб Деспотовиќ и за обид за ликвидација на Радомир Лазиќ, на 22.05.2002 година во Лозница.

 Синан рече дека го посетил својот син во затворот само еднаш во животот.
На 29 јануари 2020 година Рашид ја скршил својата наногица и избегал од куќен притвор.

Полицијата го бараше проблематичниот син на легендата на народната музика, но тој сè уште не е пронајден.

Синан Сакиќ беше српски турбофолк пејач. Роден е во Лозница, Србија. Ја започнал својата кариера во 1979 со сингловите „Једна туга за два друга“ и „Кулу градим“ и издал вкупно 27 албуми.
За неговата популарност во извесни делови од Србија сведочи графитот на еден српски автопат кој вели „Бог на небу – Синан на земљи“ (Бог на небото – Синан на Земјата).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани