Пратеничката Ременски како личен имот, во анкетниот лист пријавила земјиште (470 м2) и куќа (90 м2) во Крива Паланка, кој како што навела ги добила како подарок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 10:48

Куќа од 300 м2 во Скопје, имоти и во Крива Паланка – еве каков имот поседува Ременски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во анкетниот лист кој го Фросина Ременски го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала пратеник, како заеднички имот со сопругот пријавила куќа во Скопје, од 300 метри квадратни, како и земјиште од 483 м2, исто така во Скопје, стекнати со договор за купопродажба, објави РЕПУБЛИКА.МК.

Пратеничката Ременски како личен имот, во анкетниот лист пријавила земјиште (470 м2) и куќа (90 м2) во Крива Паланка, кој како што навела ги добила како подарок.

Анкетниот лист на пратеничката Фросина Ременски

Нејзиниот сопруг вози „БМВ“ од три илјади евра и „веспа“, а тие имала два кредити од по 10 илјади евра, кои требало да ги отплати минатата година.

Инаку пратеничката Фросина Ременски вчера доби мерки за претпазиливост односно одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавува во судот. 

Според, официјалното соопштение од обвинителството, осомниченото лице како функционер, одело на состаноци со првоосомничениот Бојан Јовановски.

„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, соопштија од обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика