Единиците на КФОР од САД тврдат дека вршат редовен мониторинг на северната граница на Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 12:37

КФОР на Косово со обука на Косовските безбедносни сили

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Припадници на американските воени сили во редовите на КФОР со недели на планината Бајгора обучуваат членови на Косовските безбедносни сили за идната војска на Косово: објави белградскиот весник “Вечерње новости”.

Извори на весникот наведуваат дека обуката се спроведува за најмалку стотина припадници на КБС кои во одредени временски периоди ротираат на Бајгора.

“Според истиот извор американските припадници на КФОР освен обука и ги вооружуваат силите на КБС.” – пренесува Танјуг.

“Вечерње Новости” наведуваат дека косовските Албанци ги интензивираат вежбите со Американците во рамки на заедничката операција под кодно име “Златна сабја”.

“Командата на КБС откупи од Американците 27 борбени возила “хамер” додека 24 добија на подарок.” – наведува изворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.