Спротивно на Уставот, без потпис на претседателот, Законот за двојазичност се објави во службен весник. Со тоа Македонија станува и официјално двојазична држава, што е одлика на федерално уредување на земји со два народи

Објавил: Данаил Михајловски | 16 јануари, 2019 7:56

Лагите на Заев за двојазичноста

Фото/Текст извор: ©магазин

“Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Прилеп, во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени, до каде забегаа. Ова е невидено“, изјави Заев во 2016 година, на телевизијата Вести24, обвинувајќи ја опозицијата дека му измислува скандали.

Но, времето покажа дека сепак Заев уште пред изборите се согласил да воведе двојазичност во Македонија, веројатно како услов да формира влада. Откако владата го поднесе предлог-законот за двојазичност до Собранието, во Јуни 2017 година, стручната јавност реагираше со силна критика. 17 професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ испратија јавно писмо до премиерот Заев и до Собранието во кое бараа законот за двојазичност да биде ПОВЛЕЧЕН, бидејќи е спротивен на Уставот, спротивен на Рамковниот договор и со тоа македонскиот јазик го губи својството на унитарен официјален јазик. Но, владата не го повлече законот.

Професорката Елка Улчар: Со законот за јазици вештачки се наметнува двојазичност во целата држава; ова е избрзано и неуставно политичко решение кое ќе има далекусежни последици кои ќе предизвикаат уште поголема дисфункционалност на државните институции, многу големи финансиски трошоци и поделба во општеството.

За да ја смири јавноста Заев во Собранието, во јули 2017 година изјави: “законот за употреба на јазиците, пред да се изгласа, ќе го пратиме на мислење во Венецијанската комисија, но напоменувам дека ако ова прашање се реши и се стави во архивите, ќе може да работиме на решавањето на економските проблеми. Ова прашање не е само на БЕСА или ДУИ, ова е прашање и на Заедв и СДСМ, за нас гласаа многу Албанци“

Но, Заев излажа, и Законот за двојазичност беше изгласан од владеачкото мнозинство во парламентот, без воопшто да биде испратен до Венецијанската комисија за забелешки. Претседателот Иванов не го потпиша законот со укажување дека истиот е спротивен на Уставот, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ подесоа илјадници амандмани пред второто гласање. Сепак, и забелешките на Иванов и амандманите на опозицијата беа игнорирани и по истите не се дозволи собраниска расправа од страна на Талат Џафери.

Последната лага на Заев беше изјавена во Јануари 2018 година кога кажа дека и покрај тоа што Законот за двојазичност е изгласан, тој сепак ќе биде испратен до Венецијанската комисија и доколку истата испрати било кои забелешки на текстот истите ќе бидат вградени во законот. Но, тоа никогаш не се случи и спротивно на Уставот, без потпис на претседателот, Законот за двојазичност се објави во службен весник. Со тоа Македонија станува и официјално двојазична држава, што е одлика на федерално уредување на земји со два народи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести