Гоца откри дека со Шабан поминале 43 години во брак. Таа вели ја одржува во живот мислата на него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 февруари, 2020 11:19

“Лажат дека времето лечи се”- вдовицата на Шабан со емотивна исповед

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неодамна помина година од погребот на трагично загинатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, а неговата сопруга Гоца се уште живее во болка и вели незнае како да живее без својот покоен сопруг.

Во интервју за „Информер.рс“, Гоца Шаулиќ открива дека годината без Шабан и поминала во тага и болка.

Не знам да живеам без мојот Шабан. Не знам. Тој е мојот живот“ вели Гоца.

Во интервју за „Информер.рс“, Гоца Шаулиќ открива дека годината без Шабан и поминала во тага и болка.

Гоца откри дека со Шабан поминале 43 години во брак. Таа вели ја одржува во живот мислата на него.

Шабан и јас растевме заедно, живееме под ист покрив. Се чувствувам како некој да ми го украде. За мене и моите деца тој се уште е тука. Единствено кога така размислувам можам да продолжам понатаму“ вели сопругата на Шабан и продолжува:

За мене тој е на некој далечен пат, на некој настап ширум светот. Некогаш патуваше без мене, а некогаш знаев да му се придружам. Знам дека еден ден ќе му се придружам без оглед на тоа каде се наоѓа“.

Гоца вели времето не ја намалува болката за некој близок кој го губиме.

Лажат кога велат дека „времето лекува се“. Тоа најдобро го знаат оние кои изгубиле некој најмил. Продолжуваш со животот, се будиш, спиеш и така секој ден, но болката во срцето не престанува“ .Секој час, ден, недела, месец….Најмногу ми е тешко на важните датуми кога сите бевме заедно. Тешко ми е кога ги славиме родендените на нашите деца и внуци, а го нема мојот Шабан. Посебно ми недостига на нашата годишнина од бракот и на неговиот роденден. На Нова година ми беше многу тешко. Меѓутоа, иако физички не е тука, знам дека е присутен. Го чуваме во срцето и душата и додека сме живи ќе го чуваме споменот на него. Тој го заслужи тоа бидејќи освен тоа што беше голем уметник беше и голем човек“ вели сопругата на пејачот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.