Дирекцијата советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при откривањето на своите лични податоци на интернет...

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 март, 2019 11:41

Лажни наградни игри кружат на интернет- внимавајте на податоците кои ги оставате

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дирекцијата за заштита на лични податоци информира дека во рамки на остварувањето на своите законски надлежности забележува зголемена активност на организирање лажни наградни игри преку социјалните мрежи (Facebook, Instagram…).

При тоа на граѓаните им се ветуваат различни видови на награди, а за возврат од нив се бара да ги откријат своите лични податоци како што се име и презиме, адреса, фотографија, број на лична карта, матичен број,  податоци од платежни картички, како и копии од лични документи стои во соопштението објавено на нивната веб страна. 

Дирекцијата е основана на 22 јуни 2005 година, кога е именуван првиот директор со Одлука на Собранието на Република Македонија.

Дирекцијата советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при откривањето на своите лични податоци на интернет, затоа што постои зголемен ризик истите да бидат злоупотребени за други незаконски цели.

Дирекцијата апелира граѓаните да бидат внимателни и да не ги доставуваат своите лични податоци преку интернет на непознати или недоволно познати лица без да проверат дали објавената информација за наградна игра е точна, стои во соопштението. Во овој контекст истакнуваме дека во вакви случаи најчесто се користат техники на компјутерски базиран социјален инженеринг како што се „phishing“ и „pharming“. Овие облици на измама опфаќаат збир на активности од неовластени испраќачи, преку користење лажни пораки од е-пошта (phishing), или користење на лажни веб страници (pharming), или користење на лажни профили на социјалните мрежи, обидувајќи се при тоа од корисниците да добијат доверливи лични податоци.

За жал, голем е бројот на корисници кои не се запознаени со овој вид на измами, при што доколку натрапниците еднаш дојдат до доверливите податоци, тие, или сами ги користат за одредени, најчесто незаконски цели, или пак ги продаваат.

Во пораките најчесто се повикуваат на лажни веб страни, или лажни профили на социјалните медиуми кои според изгледот целосно одговараат на веб страните, односно профилите на легитимните компании (фирми). Оттука, апелираме при однесувањето на интернет, сите граѓани да постапуваат со соодветно зголемено внимание и да направат целосна проверка пред да се одлучи да се откриваат лични и други податоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...