Заев вчера во брендираната кошула „Астон Мартин“ беше гостин во Прилеп, а потоа замина и во Новаци во битолскиот дел од Пелагонискиот регион.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 август, 2019 13:43

ЛАПСУС : Според Заев, Прилеп се наоѓа во Полошкиот регион(видео)

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев вчера го смести Прилеп во Полог односно во Полошкиот регион, но брзо грешката му ја исправи министерот Горан Сугарески.

– Денеска јас сум овде во Полошкиот регион, изјави Заев, но Сугарески од позадина брзо му суфлираше дека Прилеп не е во Полошкиот туку во Пелагонискиот регион.

Премиерот Зоран Заев вчера го посети пелагонискиот регион, поточно општините Прилеп и Новаци.

Во Прилеп, претседателот на Владата присуствуваше и се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на еко автобуси во јавниот патнички транспорт во Општина Прилеп.

Во Новаци заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, направија увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод, секција Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести