Човекот кој ја тресе власта во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 9 август, 2019 15:31

Ларис Гајсер-човекот кој ја тресе власта во Македонија !

Фото/Текст извор: ©магазин

Неговиот „Фејсбук“ профил е буквално затрупан со коментари и покани за пријателство. Тој се извини дека  лимитот е достигнат и не може да прифати нови пријатели.  Се обидовме да стапиме во контакт со Гајсер, но до почетокот на вестите не ни одговори на прашањето дали ќе продолжи и следните денови да објавува материјали за „Рекет“.

Според биографија Птујчанецот Ларис Гајсер по професија е геополитички аналитичар, менаџер и економски советник. Хонорарно пишува колумни и за Дело, Штаерски Тедник, Либеро. Меѓудругото тој  е и политички активен. Учествувал на изборите во Словенија во 2011 како кандидат на десничарската партија СЛС.

Во 2015тата станува дел од  претседателство во Паневроската Унија. Во своите текстови често пишува за Сорос, а бил и неколку пати во земајва каде што снимал видео колумни во екот на референдумот за името и уставните измени.   

Медиумите во земјава веќе пишуваа дека весникот „Ла Верита“ вежи за крајно десничарски и близок до Савини. Дел од аналитичарите оценуваат дека преку текстовите на Гајсер во весник, не само што го развива случајот „рекет“ туку тие имаат за цел и да ја компромитира меѓународна заедница, пред се ЕУ и САД, кој своевремено силно застанаа зад Катица Јанева за прв човек на обвинителството кое требаше конечно да расчисти со криминалот во Македонија.

Гајсер вели дека ова го прави со цел да се дознаела вистината за земјава и да помогне во борбата против криминалот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести