После може нивниот Самка Ибраимовски да го изберат за претседател на СДСМ. Стојанче Цреп да им биде потпретседател и министер за одбрана.

Објавил: admin@magazin | 25 мај, 2020 15:57

ЛАТАС: Венко Филипче е единица мерка за корупција и непотизам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Помина денот на Власите, а техничкиот Оливер Спасовски не им го честиташе етничкиот празник како на Ромите, на нивни јазик. Пошто имам Власи во фамилија видов дека нивното разочарување заради дискриминацијата е големо.

Можда човекот знае ромски, а не знае влашки, си викам. Ама, кога го гледав како го крши јазикот за денот на Ромите не ќе да е тоа, туку Ромите си ги гледа како пациенти за поткуп на избори а Власите, богами, не се даваат така лесно за кутија зејтин.

Колку он и Заев ги поштуват Ромите гледам што и викендов им делеа партиски пакети пред избори. Толку им се влезени Ромите под кожа што и Македонците ќе ги претворат во Роми со тоа што ги прават народ без своја држава.

После може нивниот Самка Ибраимовски да го изберат за претседател на СДСМ. Стојанче Цреп да им биде потпретседател и министер за одбрана.
Заклучок: СДСМ спас за избори гледа во Ромите и по некои Македонци кои заборавиле дека се тоа. Чекам за Бајрам што и на кој јазик ќе им каже техничкиот Оливер на Албанците иако, неговите Албанци од Арачиново и Грчец, повеќе веруваат во кеш него во зборови. Заев им ветуваше дека ќе ги прави пилоти, па ги излажа, после тоа се е поинаку.

Заев ќе оди на тотален изборен поткуп, ќе дели над 100 милиони државни евра на гласачите иако знае дека е тоа незаконски. Наќе Чулев го фати во ситен поткуп па Заев реши да игра на крупно.
Новото СЈО, Антикорупциска, нема намера да го предупреди.

А има Македонци кои заборавиле дека се тоа. Еве, Партениј, старешината на манастирот Св. Јован Бигорски е избран за член на Светиот синод на МПЦ а во благодарницата од три куцани страни никаде не спомнува Македонија и Македонци. Ќе владее со Дебар и Кичево. Како тргна борбата за титули и функции во МПЦ, така се повеќе им се намалува територијата на власт па наскоро, за да ги има во Синодот колку треба заради мир во куќа, ќе имаме владика за епархија Зелениково, Таор и Коњаре, потоа за Сопиште, Припор и Драчево…

Во Бугарија изборот на Партениј за владика беше примен со воодушевување. Пред нас за изборот беше известена бугарската јавност со наслов: Игуменът на Бигорския манастир архим.

Партений ще бъде ръкоположен за епископ. Патем, го пофалија дека во Бугарија добил признание: Игуменът на Бигорския манастир поддържа добри връзки и с България – както със светските власти, така и с църковните среди. През 2018 г. той получи в България наградата на Европейския парламент, дадена му заради приноса му за развиване на добри отношения между съседните балкански държави.
Патем, во исто време кога Партениј е избран за нов владика, од наводно непознати причини, оставка од функција владика поднесува кумановскиот митрополит Јосиф, а на негово место доаѓа игуменот Григориј.

Наследникот Григориј, нема завршено теолошки факултет па, согласно тоа, не ни може да биде владика но, има суперпрепорака за новиот Синод – докторирал во Софија. И, тука дилемата завршува. Како тргнало, редно е владиците да бидат и плаќани од Софија, да не арчиме ние пари за бугарска црква.

Затоа јас го поштуем Бојко Борисов. На неговите претци им требала војна за да ја освојат Македонија, он без оружје успева во тоа и го има мојот респект. Што не може да се каже за нашиот, современиот Мане Мачков. За помладите, еве кој е тој: Мане Мачков участва през 30-те години в социалистически кръжоци.
По време на българското управление във Вардарска Македония през Втората световна война заема полицейски пост в Скопие и същевременно участва в комунистическата съпротива във Вардарска Македония. Коле Чашуле, Перо Наков и Кочо Битољану не се дале, мислеле дека Македонија е – Македонија. Денес тие сигурно не би прифатиле во изводот за родени да им пишува три коси црти во делот за националност, а нивниот шеф на генералштаб да биде потпишан со држава МКД Скопје МОД. Со дијагноза.

Во борбата е важна победата но, уште поважно е на која страна си бил.
А мојата страна е партизанска, такви ми се корените и од таков корен не може да се очекува поинаков плод. Човек не трпи калемење.
Како што не се трпи Зоран Заев и Венко Филипче да не праат будали при здрав ум кога тврдат дека они успешно ја менаџирале епидемијава. Па добро бе другари, разбирам дека се што помисливте и покрадовте ви помина и очекувате народ да ви прости, тоа веќе ви премина во навика. Но, да тврдите дека сте биле успешни во епидемијава е навреда за интелигенција.
Па Македонија има најмногу починати од сите држави во регионов, тоа е најчист доказ дека здравствениот систем паднал на колена. Ви умираа луѓе што не ги примаат во болница, на умрени потоа им утврдувавте симптоми на корона вирус… блам!

Лекарите и медицинскиот персонал сами купуваа заштитна опрема. Да ми каже некој дека Венко Филипче, кој проневери цела една болница во Штип, е успешен медицински менаџер е виц, а не реалност. Не се мериме подалеку: Бугарија, Србија и Албанија може да ви одржат курс по справување со епидемија и медицински систем.

Венко Филипче е единица мерка за корупција и непотизам. Неговите комбинации со веледрогерија Пановски засега не би ги опишувале. Врските со другиот прелетач од ВМРО, Ден Дончев во бегство, се веќе познати. Неговиот Ангелчо Андоновски, директор на Клиниката за детски болести Козле е сопственик на веледрогеријата Фарманс. Христијан Костов, поставен за директор на 8. Септември е зет на сопственикот на веледрогерија Елбијор. Неговиот избор Софија Пејкова за директор на Пластична хирургија е снаа на Коле Пејков, сопственик на Адрија Лаб.

За директор на Ренгенологија го постави својот братучед Данијел Ѓурчинов… Малку му беа тие па реши Жути од економскиот совет на Вице Заев, трговец со плотни и фрижидери, на милионските тендери да го избере за добавувач на реагенси за лаборатории!
А да не збориме што во оваа криза ви исчезна пола буџет, 2 милијарди евра!

Ако спаднале во СДСМ Венко Филипче, човекот на Шеќеринска и нејзината другарка, мастер на корупција и прелетач од ВМРО ДПМНЕ од професорскиот Контрапленум да им стане главна фаца, богами ниско паднале. Како што реков прееска, од таков корен други плодови не може ни да се очекуваат. Функцијата му е наследна. Чичкому, Добре Филипче, во исто време со братот Илија на функција, беше шеф на Комисијата за лекови. Таткото на Венко, Илија Филипче, беше министер за здравство од Социјалистите се додека Бранко Црвенковски не му даде команда да прелета во СДСМ кога Папата реши да отвори војна против Ѕинго.
Масерманги, што би рекол техничкиот Оливер Спасовски.
И сега, прелетачот Филипче треба да им биде главен адут на СДСМ за избори. Да го шетаат како мечка Божана од митинг на митинг пошто немаа доверба да го стават на пратеничка листа. Корумпиран бил.

Се во нашата политика е заради власт и пари од владеењето. Како што пишав неодамна, избори во јуни нема да има. Јули е терминот кој може да се очекува иако Мицкоски запиња за Септември.

Заев ќе оди на тотален изборен поткуп, ќе дели над 100 милиони државни евра на гласачите иако знае дека е тоа незаконски. Наќе Чулев го фати во ситен поткуп па Заев реши да игра на крупно.
Новото СЈО, Антикорупциска, нема намера да го предупреди.
Од Обвинителството не се ни очекува такво нешто. Останува само Мицкоски, како иден премиер, по изборите да ги земе работите во свои раце. 100 милион евра, од ваква мала и сиромашна држава, фрлени во ветер за свој ќеф и интерес, сепак не се за простување.
А дали Зоран Заев треба да одговара или да владее ќе решат граѓаните.

Ако се што правел, што сега прави и она што најави дека ќе и го прави на Македонија е во ред вечерта по изборите ќе излезе Оливер Спасовски и на неговиот ромски ќе ви ја честита сопствената победа: Набутинавле охохо.

Д.П. Латас (25.05.2020)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...