Според него воопшто не треба да се дискутира за тоа дали Гоце Делчев е македонец, бидејќи како што вели Делчев е основополжник на современата борба за Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 21:08

Латас: Заев веќе го дал Гоце Делчев, сега само се спроведува!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно, новинарот Драган Павловиќ Латас посочи дека премиерот Зоран Заев, не може да биде политичар бидејќи е бизнисмен и како што вели шеф на мафијата. 

Нему му е битно да добие уште еден мандат, да го покриваат некои нови судии. Тој 12 години бил градоначалник и 4 години е премиер и денес се пофали дека има 8,7 милиони евра кеш од државна служба. Самото тоа дава заклучок што е неговиот приоритет, него го интересира кеш. Што и да побара Бугарија тој ќе дадe.Тој веќе го дал Гоце Делчев сега само се спроведува, него го опеменаа дека договорoт е веќе склопен само треба да го проведе, истакна Латас.

Според него воопшто не треба да се дискутира за тоа дали Гоце Делчев е македонец, бидејќи како што вели Делчев е основополжник на современата борба за Македонија.

– Беспредметно е да се разговара дали Гоце Делчев е македонец, тој е основоположник на современата борба за Македонија, вели Латас.

Латас вели дека всушност измените во Кривичниот законик кој ги најави министерот за правда Бојан Маричиќ а со кои се намалува казната од 8 на 3 годиниа за злоупотреба на службената положба и овластување, се поради тоа Заев да избегне одговорност во опозиција.

-Бугарија на Зоран Заев му е деловен партнер, тој човек нема политичка свест ниту има политички критериум, бадијала се трудите да го дефинирате гледајќи го како политичар, тој не е политичар. Тој најавува дека Маричиќ ќе прави измени во Кривичниот законик. Знаете што се измените, дека се намалуваат казните за злоупотреба на службена положба, се намалуваат од 8 на 3 години за Заев кога ќе дојде во ситуација да биде во опозиција да не одговара за државна проневера и не одиш во затвор и тоа е него што го интересира, додаде Латас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.