Никој од Јавното обвинителство, освен оние под контрола на СДСМ, нема ништо против новиот закон за обвинителство онаков каков што го предлага ВМРО.

Објавил: Перо Милчин | 28 јули, 2019 23:05

ЛАТАС: “Катица е дел од исклучително крупен криминал, рекет на бизнисмени кои СЈО ги маркирал за сомнителни”

Фото/Текст извор: ©вечер

Катица Јанева, со прислушкуваните разговори, има куп причини да го натера Заев и СДСМ да ја бранат по секоја цена. Плус, тука е и рекетираниот кеш. Дополнително, таа се надева дека ќе добие заштита и од амбасадите кои стојат зад проектот СЈО, пишува во најновата колумна новинарот Драган Павловиќ Латас.

Се сеќавате на онаа трагикомична сцена кога шефицата на СЈО, Катица Јанева, реши околу полноќ лично и персонално да упадне во УБК и да им ги земе со своја рака хард дисковите од системот за следење телефонски разговори. Кога чукаше на полициската порта викајќи: Отвори, отвооорииии!!!

Тој настан, нормално, беше проследен со однапред нарачани камери кои ја снимаа драмата и го градеа култот на СЈО како недопирлива казнена институција за потреби на шарените и тогаш новата власт на СДСМ и Заев. Комуњарите беа во делириум! На народот гладен за леб, слобода и почитување му даваа крв и драми за да го нахранат. Драмите завршија, крвта се пролева по улиците со години, а народот си остана гладен за леб, слобода и почитување.

Финале: Катица Јанева денес е дел од исклучително крупен криминал, рекет на бизнисмени кои СЈО ги маркирал за сомнителни како надомест за нивната слобода. Рекет кој без сомневање е покриван и користен и од виски функционери на СДСМ кои не се ни криеле од друштвото и соработката со фронтменот на рекетот, Боки 13. Напротив, учествувале во процесот на преговори за рекет, ги има дури и како членови и поддржувачи на неговата невладина организација.

Тројца функционери на СДСМ се во бордот на невладината организација на Боки 13. преку која се вршела изнуда, наплата и рекет. Првиот голем рекет од 750.000 евра го земале од битолски бизнисмен. Само кај нас власта е дел од невладини организации, ем невладина ем владина. За тие пари, зошто да не.

Токму заради учеството на функционери од СДСМ, заедно со Катица Јанева, деновиве гледаме како партијата СДСМ со сите сили се обидува да ја спаси неа, да го спаси СЈО и сегашниот систем во Јавното обвинителство кој им е под контрола. Борејќи се за нив врвот на СДСМ се бори за сопствена слобода и зачувување на парите стекнати со криминал.

Никој од Јавното обвинителство, освен оние под контрола на СДСМ, нема ништо против новиот закон за обвинителство онаков каков што го предлага ВМРО. И нема зошто да се против. ВМРО предлага скоро дуплирање на буџетот на Јавното обвинителство од 8 на најмалку 15 милиони евра, предлага секој обвинител со соодветен стаж да може да конкурира за место во новото СЈО, предлага за прв пат самостојност во делувањето и финансирањето на Јавното обвинителство… Зошто некој обвинител или нивни службеник би бил против ова?

Не. Борбата за зачувување на сегашниот статус на СЈО и Јавното обвинителство е инспирирана од финансиски интереси и страв од губење на парите и од затвор. Од Катица Јанева, па се до функционерите во СДСМ. А борбата е валкана. Се уште немаме одговор како инкриминирачки снимки на бизнисменот Зоран Азманов земени од компјутерот на Боки 13 при претрес на 1ТВ се појавија за три дена на комуњарски портал, и тоа баш кога Азманов тврди дека бил рекетиран со документи од СЈО и од Финансова полиција лично од Боки 13. Каде се другите инкриминирачки фотографии кои Боки 13 ги чувал за рекет, на пример од бизнисменот Фијат Цаноски.

Деновиве од СЈО дојавија до Алсат дека Катица Јанева наредила бришење на компјутерите на СЈО, а дури шест часа по објавената информација некој од СЈО пушти демант во кој со ниту еден збор не се спомнува бришење податоци.

Отвори, отвоооориииии!!!… сега вика јавноста пред портите на СЈО, но вратата е затворена.

Катица Јанева, со прислушкуваните разговори, има куп причини да го натера Заев и СДСМ да ја бранат по секоја цена. Плус, тука е и рекетираниот кеш. Дополнително, таа се надева дека ќе добие заштита и од амбасадите кои стојат зад проектот СЈО.

Да, проектот СЈО е меѓународен, имаше цел да создаде механизам кој под меѓународна контрола ќе има сила и методи за запирање на корупцијата во државниот врв, и во минатото но, и сега како и во иднина. Минатото го почнаа со терор врз фактите, а со овие сега влегоа во заеднички криминал, и тука ставија точка на проектот.

Македонија има стратешки партнери од кои, буквално, зависи опстанокот на државата. Не се тоа само САД, тука се и Германија и Франција без кои Македонија, под било кое име и под било чија власт, нема иднина пред се поради закана од албанската експанзија, почнувајќи од Косово.

Проектот СЈО во Македонија требаше да профункционира и, како модел, да се шири наоколу, пред се во Србија, Босна и Црна Гора. Сега, откако моделот се компромитира прашање е што понатаму? Ако ја спасат Катица Јанева со примена на некое СЈО утре во Србија, Босна… може да очекуваат ист криминал кој ќе се применува и таму. Парите се магнет за секого. Ако им простат на Катица и функционерите од СДСМ, ќе биде тоа препорака и пракса за другите во иднина. Ако остават Катица Јанева и нејзините соработници од СДСМ да бидат под истрага и пред суд, има шанса моделот да се примени во Србија, Босна… имаат пример како би завршил некој кој би ја злоупотребил моќта и меѓународната заштита на тамошното СЈО. Изборот е тој. Спас на СДСМ со СЈО, или пат кон правна држава.

Францускиот амбасадор Тимоние изјави дека е шокиран од настаните со Рекет. А реков, Франција, заедно со САД и Германија се трите ногари на кои стои меѓународниот статус на државата Македонија. Филип Рикер, задолжен од Стејт дипартментот за Македонија ги повика власта и опозицијата на време и заедно да донесат нов закон за Обвинителство, во кој е и статусот на идното СЈО. Рече – заедно, а не со бош комбинации за уцена и злоупотреба на осумте пратеници кои излегоа од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Очекуваме така и да биде.

Довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе влијае негативно, вели за случајот Рекет Џемали Саити, претседател на Здружението на судии во интервју на Радио Слободна Европа. Последиците по СЈО се познати, значи негативни се… Се согласувам и со мислењето на професор Гордан Калајџиев кој истакна дека судбината на СЈО сепак е врзана со првиот човек, затоа што СЈО е јавниот обвинител, сите други се во функција на обавување на таа дејност заклучува претседателот за Здружението на судии, Саити. Треба ли јас нешто да дополнам… Не. Се е кажано од самата струка.

И што прави СДСМ соочен со де факто учество во рекет, но и злоупотреба на СЈО за уништување на опозицијата и секаков вид отпор на нивниот начин на владеење?
СДСМ измислува модел за контрола на медиумите, пред се интернет порталите и социјалните мрежи за запирање на информации за нивните скандали кои СДСМ ги нарекува лажни вести.

Цинизам е кога фабриката за лажни вести, СДСМ, ќе најави борба против лажни вести. Нема вест од штабот на СДСМ или политички став на Зоран Заев која не била демантирана, и не била лажна вест која потоа се претворила во сопствената спротивност. Ама буквално – нема. Уште кога покрај Заев тоа го најавува нивниот ултра пропагандист од МОФ, Марјан Забрчанец, цинизмот премнува во навреда за јавноста и колективната свест.

Целта на дезинформациите, изјави Забрчанец од кабинетот на Заев, е да влијае врз мислења и одлуки особено за време на избори… Аха, тука е стравот. Кога веќе има тотална власт врз се и секого, СДСМ се плаши само од порталите и социјалните мрежи. И сака да ги замолчи. Тешко, домен и портал ќе се регистрират во странство и ќе продолжат со работа тука. Фејсбук и Твитер профилите исто така. Затоа, другиот шарен пропагандист Ненад Јовановиќ бара владата да создаде и објави црна листа на портали… Демек, овие лажат и не ги читајте. Момак, не си приметил дека тие црни листи ги правите веќе дваесет години, и дека СЈО води постапки против дваесеттина медиуми, уредници, новинари… и пак народ не ви верува.

Овој план на СДСМ не е ништо друго туку нов начин како после Фондот за иновации од државната каса да се испумпаат милиони евра за нивните медиуми и невладини организации кои, нели, ќе се борат против лажните вести. Милиони евра, запамтете.

Додека тие делат милиони евра меѓу себе, народ пати во беспарица. Денес човек не може ни љубовница да издржава ако и жанему не е вработена.

(29.07.2019)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...