Тој го постави и прашањето доколку ситуацијата се стабилизира, и доколку е вистина дека немаме голема епидемија зошто имаме вонредни мерки? 

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2020 0:42

Латас: Никогаш немало избори за кои не се знае дали тој што ќе излезе ќе преживее!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш“ на Алфа, Драган Павловиќ Латас вели дека станува збор за ноторна лага кога министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата се стабилизира а денеска на Инфективната клиника има 20 новозаболени од коронавирус.

Никогаш немало избори за кои ти не знаеш дали тој што ќе излезе ќе преживее. Денеска имаме 20 заболени и тројца починати. Тоа е повеќе од просекот, ако ние во 60 дена имаме 90 починати, тоа е 1,5 на ден, ние денеска имавме повеќе од просекот, кој беше прогласен за голема опасност по здравјето и животот на луѓето и функционирање на државата. Се работи за ноторна лага кога денеска кажува СДСМ преку Заев и Филипче дека ситуацијата се стабилизира. Денешен ден имаме повеќе починати, отколку просекот, кого лажат?, вели  Латас.

Тој го постави и прашањето доколку ситуацијата се стабилизира, и доколку е вистина дека немаме голема епидемија зошто имаме вонредни мерки? 

„Ќе го цитирам Сорос омилениот ментор на СДСМ, вака вика Трамп е диктатор, кој сака да ја зголеми својата диктатура. Со Џорџ Сорос бара војна помеѓу Кина и САД а не соработка која ја нуди Трамп. Бидејќи тој е еден кои го држат финансискиот сектор, а банките во војна не се уништуваат вели треба да има војна. Второ вика Доналд Трамп бараше одредени мерки кои заради уставот не можеше да ги спрведе инаку ќе бешше диктатор исто како власта во Кина, тоа се негови зборови.  Зошто не станал диктатор Доналд Трапм затоа што тоа не му давал Уставот. Американец почитува Устав, Зоран Заев не почитува Устав, нашиот е веќе диктатор.“ заклучи Латас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести