Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

Објавил: Владо Марин | 17 февруари, 2020 7:01

ЛАТАС: Ниту еден мандат Црвенковски не го заврши со ваков дебакл, и ваков срам

Фото/Текст извор: ©вечер

Готово е. Заврши власт од која Македонија ќе се срами, пере и која ќе ја злопамти со децении од денес па со генерации. Власт која почна со насилие, газење на устав, гласање влада без мнозинство гласови и без записник за гласањето, парламент кој почна надвор од закон и заврши – надвор од закон со наводно носење Закон за Јавно обвинителство без потребните 80 гласови. Во меѓувреме, без потребна поддршка на референдум и со апсење на пратеници, го смени уставното име на државата во Северна.

Собрание, власт која е незаконски избрана и силата ја црпеше од нелегално стекнати телефонски разговори на опозицијата и неограничената моќ на СЈО кое опозицијата ја држеше три години во заложништво, по притвори, понижувања во јавноста, местење предмети кај подобни обвинители и судии. Власт која почна со незаконско ослободување на идниот премиер Заев од обвинение за барање поткуп.

Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

На Рашела Мизрахи и светат очите, како на секој што длабоко верува во тоа што го прави и зборува, и таквите народ ги следи.

Заминува парламентот и власта зад која не остана ниту една отворена фабрика или болница, театар или стадион, ниту еден изграден булевар или автопат како нивни проект, не остана ниту еден проект за потреби на граѓаните но, останаа недоизградени автопатишта, универзитети и болници почнати од претходната власт, а потоа запрени додека не се стокми зголемена цена и провизии. Зад неа остануваат затворени медиуми, апсења луѓе, незаконска двојачиност која и Европа ја оспори. Остануваат стотици селфија со дилери, криминалци, измамници со кои власта соработува и врз кои власта во заминување градеше свој имиџ и слика во јавноста. Во кои гледаше на себе слични.

Имал СДСМ и власт под Црвенковски, и тоа повеќе од деценија во сите негови мандати, но ниту еден мандат Црвенковски не го заврши со ваков дебакл, и ваков срам. Никогаш СДСМ, освен сега, не апсел пратеници и ги ослободувал за да гласаат за нивни потреби. Не постои снимка за Црвенковски, после толку години власт, во која бара мито, врши корупција, се слика со дилери, затвара медиуми и гони новинари. Неговата економска политика, сега во пракса – профитни тендери и корупција, не ја спроведуваа пробисвети собрани од улица. Под Заев се сменети три главни уредници на трите најголеми телевизии во државава.

Не е злото во СДСМ како таков, злото е во луѓето кои беа и уште малку се власт во партијата, и власт во државата. Колку се радуваат во ВМРО за падот на оваа власт, колку е радоста голема ширум народните маси, најголема е и би требало да биде во СДСМ. Секој нов месец под власт на Заев потоа значи година повеќе во опозиција.
Во овој дел од Европа се чини дека таква масовна радост од пад на некоја власт е видена само при падот на Чаушеску. Кога не се радуваат само неговите опоненти, туку и неговите сопартијци кои немале пристап до милионите и корупцијата која власта ја практикува како рутина, убедена дека за завршеното ќе имаат бескрајна поддршка од дипломатите.

А падот дојде, и беше извесен. Очекуван. Самото инсистирање по секоја цена, па макар и спротивно на закон, да се донесе нов Закон за Јавно обвинителство пред да се распушти собранието е јасен знак дека и власта на Заев знае дека по изборите ги чека опозиција, инаку зошто би им се брзало. Со тој закон Заев забрани снимки како доказ за себе и избра свои обвинители кои нема да го гонат после изборите. Пред падот на собранието запослија дури 40.000 свои партиски припадници во државната администрација, што е речиси 30% од вкупниот број на администрацијата вработуван од 1991 до ден денес. Знаеа дека власта е завршена и затоа брзаа со тендерите за некакви медицински хеликоптери, измислена доплата за градба на болницата во Штип, Закон за продажба на марихуана, непреаботен канабис…

Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

Ги ослободија од истраги и пуштија од затвор сите од албанското подземје кои би можеле да им донесат гласови на македонските Албанци.
Зад овој парламент остануваат одлуки и поддршка за владата со кои Македонија се задолжи со над 700 милиони евра.

Граѓаните и фирмите беа ограбени со зголемени даноци за да имаме најголем буџет во историјата на државата со најмалку јавни проекти. Буџетот носи многу тендери, а барем за тендерите секој знае кому и како служеа. Овие пратеници под контрола на СДСМ влегоа во собрание на Република Македонија, излегоа од парламент на некаква Северна. Имаа пред себе Устав а следеа Тиранска платформа. Пред нив Гоце беше Македонец, по нив Гоце Делчев стана Бугарин. Чудо е после се и дома да ги примат, независно од тоа колку пари дома однеле.
Опозицијата сега треба да се подготвува за преземање власт. Поминаа три години под тешка пресија, прогон, блокади на партиски имот и сметка, апсења, поттикнување внатрепартиски кавги, купување пратеници, шиканирање пред дипломатите. Од нив се очекуваат три работи:
Прво, во ништо да не бидат ни слични на власта на СДСМ и Зоран Заев. Да не бидат срам и колапс за Македонија.

Второ, и покрај руината од држава која треба да ја водат да го сочуваат ентузијазмот, реформскиот капацитет, прозападните стандарди и посветеноста која секоја власт на ВМРО ДПМНЕ ја одликувала.

Трето, да најдат начин, како знаат и умеат прво да изградат помирување и почит меѓу себе, а потоа намалување на тензиите и политичката поларизација во општетсвото каде луѓето почнаа да се мразат и тепаат заради политика. Животот, сепак, е нешто повеќе од политички избор.
Има ли луѓе во ВМРО ДПМНЕ за тие големи задачи. Секогаш имале. Погледнете ги само последните настани. Настаните исфрлаат ликови на кои им се верува, а не доделените звања и функции, како што претседателските избори ја исфрлија во политичка височина Гордана Сиљановска Давкова која освои 377.000 гласови што е голем политички капитал.
Рашела Мизрахи, Еврејката што е горда на себе и Македонија, стана национален херој. Покажа дека во Македонија има луѓе, и има надеж дека може да биде подобро. Покажа и дека ВМРО денес е партија на толеранција во која настаните исфрлаат борци и дејци без оглед на нивната нација. Како своја ја прифаќаат Рашела Мизрахи со нејзиниот еврејски татко, со нејзиното партизанско потекло затоа што е Македонка горда на Македонија и способна да се бори и избори за таа Македонија, без оглед на се. Како што денес во ВМРО ДПМНЕ веруваат и соработуваат Срби, Турци, Власи, Роми… со секој што мисли на себе и семејството, и не е цицач на тендери.
На Рашела Мизрахи и светат очите, како на секој што длабоко верува во тоа што го прави и зборува, и таквите народ ги следи.

Господ е еден, Бибилијата е таа но, поповите се посветени и кои веруваат, на кои им светат очите, имаат верници во селото а другите ги немаат. Како што со тој сјај во собрание ги гледавме и Антонио Милошоски, Илија Димовски, Ане Лешоска или Дафина Стојановска, Никола Мицевски, Жаклина Пешевска… и не само нив. Како што верувањето и спремноста излегуваат од блесокот на очите на Игор Дурловски но, и на некои други како Димитар Апасиев или професорката Виолета Ачкоска. Барајте го тој сјај, и следете ги луѓето кои го имаат. На тој сјај во очите се темели историјата на цела современа Европа, и не само во политиката туку и во уметноста, науката. Во очите на Заев, и неговите, се гледа само банкомат.
Одиме напред, ова не е крајот. Ова е само почеток на крајот.

Драган Павловиќ Латас
(17.02.2020)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...