Анѓушев, откако го дуплираше богатството и профитот на своите фирми преку функцијата уште сега најавува дека во јануари ја напушта владата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2019 22:47

ЛАТАС: Паниката на ЗАЕВ е голема – УШТЕ ПО ЕДНА ПИЈАЧКА, ПА ФАЈРОНТ

Фото/Текст извор: ©вечер

И бизнисот со марихуана пропадна. Фамилијата и чираците вложиле 3,5 милиони евра, а заработиле само 330.000. Просто, да не веруваш, па Кили повеќе ќе заработеше отколку што ќе испуши, а овие изгледа пушеле и дилале под рака па ништо не останало, друго нема. Бизнис со марихуана му даваш, и тој му пропаѓа, му останува само мувањето со државни пари на располагање, како утеха.

Тоа ќе биде мала утеха за Заев откако во Србија му го уапсија бизнис партнерот за марихуана, а се спомнуваат за истрага и извесен Горан Крстев, бизнисмен од Струмица и Александар Пиперевалиев и тој нормално, бизнисмен од Струмица кој се има зафатено со марихуана.

Сите заедно врзани со Бул-Билдинг и бугарската Минстрој Холдинг која ја запознавме откако Анѓушев реши да ги избрка старите, стварни газди, и во ФЕНИ да го донесе бугарскиот Минстрој Холдинг.

Ќе биде напнато. Изгледа Вучиќ не спиел заради Заев ама, сега после апсење на неговите ортаци си го има Заев во скут, а има многу нерасчистени сметки со кандидатот за Нобелова награда од Струмица. Тоа е стравот заради кој Заев и Пендаровски брзаат за бугаризација на Македонија, северно се веќе заглавени а јужно се потрошени.
Вице се почесто го свикува економскиот совет на СДСМ: Роштиљ, Асмир, Чомбе, Сале Пичка, Жути, Анѓушев со прекар кој овде не би го спомнувал… кога ќе ги прочиташ имињата мислиш од црна хроника се, а не од сектор економија.
Ландараат по кафани од сабајле до црни ноќи на линија Меана Б, Лајт кафе па се до Маракана и бараат формула за спас. Почнаа со барање за спас на власта и владата, па кога тоа не бидна се лоцираа потесно за спас на СДСМ, сега почнуваат битка за спас секој за себе. Се надеваат, ама удолу ги тегнат милионите што ги заработија преку Заев. Од друже Зоки утре би дигнале раце, ама од милионите, пумпите, бентлијата, маркиците, спонзорушите… никој од нив не би се откажал.
И не се само они во тој филм, се спасува секој кој може. Министерката Рената Дескоска ги пушти низ вода и СЈО и Катица, и судијката Кацарска, и обвинителката Рускоска… уште да ги пушти низ вода Рашковски и нејзиниот заменик Оливер, врската за пазарење и притисоци врз судиите и обвинителите и нема зима за неа.

Да, ама ако тој Оливер пропее, што праиме тогаш? Кој ќе го вади како Катица сега.
Паниката на Заев е голема. Еве викендов излезе со дрска и брутална закана за судиите и обвинителите, не го слушале како Катица. Се уште му служеле на режимот, а не се покоруваат пред дикататурата.
Анѓушев, откако го дуплираше богатството и профитот на своите фирми преку функцијата уште сега најавува дека во јануари ја напушта владата. Доста му било, а Македонија е по судови заради него. Им го земе ФЕНИ на странските газди и, како стојат работите, државата ќе мора да плати над 300 милиони штета за овој деловен потфат на министерот Анѓушев. Тоа се пари кои ќе ја потонат Македонија.
Министерот кој требаше да биде заслужен за Нобеловата награда на Зоран Заев, Никола Димитров, исчезна. Ако некој го видел нека се јави во најблиската полициска станица, колку да се знае дека е жив и при здрава свест. Да не го мислиме, ќе ни треба како доказ дека постои нација која сама себе се укинала.
Сите бегаат, а бегање нема. Се е јасно и затоа се спрема план за евакуација.
После три години спиење, конечно, Уставниот суд ќе решава за амнестиите на Ѓорѓи Иванов. Имено, Ѓорѓи Иванов во 2017-та амнестираше дваесетина лица од бившата власт само за некои постапки на СЈО против нив, за други кои се водат сега немало амнестија, а во амнестираните беше и сопругот на Радмила Шекеринска за даночно затајување од 320.000 евра. Со закон донесен од ВМРО ДПМНЕ амнестијата се поништи. Уставниот ќе решава дали поништувањето е уставно.

Зошто баш сега? Затоа што на Заев му треба Уствниот суд да реши дека амнестија не може да се повлече. Како што стојат работите него, по смена на власта, не му гинат судења а кога веќе има свој претседател редно е да очекува нова, втора официјална амнестија за себе, од Пендаровски. И, кога ќе ја добие ниедно собрание во кое ќе доминира ВМРО ДПМНЕ нема да може да ја поништи.

Уставниот суд може да реши да го поништи или укине законот со кој се повлекла амнестијата на Ѓорѓи Иванов. Ако го поништи тој закон, ќе стапат на сила амнестиите. Ако Уставен го укине законот, а не го поништи, тоа значи дека што било си останува, нема амнестија за некои функционери на ВМРО, туку од сега во иднина ќе има амнестија само за Заев.
Некои поранешни функционери на ВМРО опфатени со амнестијата на Ѓорѓи Иванов веќе водат постапки пред меѓународни судови со кои се докажува дека еднаш дадена амнестија не може да се повлече. Тие ќе добијат пресуда каква што бараат, не само затоа што една држава на ЕУ, Грција, веќе решила така, туку и затоа што никаде во Европа не можеш да дадеш а потоа да повелечеш амнестија без да има нови околности. Такашто, само Заев ќе има ќар од одлуката на Уставен суд.
До пролетва многумина ќе речеа: сигурен си е Заев, им испорача на странциве, на Грција, на Бугарија и Албанците се што бараа и сега може да граба на раат, заштитен е од сите страни. Но, силниве дипломати не мислат така. На нив им се поважни сопствениот углед и принципи од Заев и Фамилијата, поважни од СЈО и од ДУИ. Затоа, тие се оставени во слободен пад.
Американската УСАИД е автор на проектот Отворени финансии преку кој дознавме кој се грабал пари од СЈО, со што падна и последната цигла од таа корумпирана тврдина на СДСМ. Да не беа од УСАИД, податоците никогаш немаше да ги дознаеме бидејќи Заев и Катица ги прогласија за тајни, со забрана за објавување. А без Катица Заев е гола вода.
Како сега ви звучат ѕвездите на СЈО кога се вадат дека примале пари бидејќи им била тешка работата. Многу им била тешка, што ќе замислиш си гониш без никој да смее да ти се спротистави. Што ќе порачаат од кај Заев исполнуваш, а он ти одобрува по 50-100.000 евра без законски основ. Партиски медиуми те коваат во естрадни ѕвезди и ти, од обвинител, стануваш Аца Лукас и Дара Бубамара.

Кога ќе ми текне како докторот Владо Димов, кој беше министер во владата на Бучковски, кога му застана на премиерот на патот до приватизација на дијализите беше наместен и прогонет само затоа што како министер за празник купил бижутерија, брошови, и им ги подарил на најдобрите жени соработници во министерството. Овие од СЈО добивале пари колку за станови, бижутерија не ги интересира, тука бил Боки да набави оригинали.
Заев нема веќе контрола врз настаните.

Полека, од него дигаат раце сите, завршно со дипломатите. Бранко Црвенковски и Верушевски почнуваат со спроведување на планот за негова елиминација и враќање на партијата на колосек и во раце на разумните. Тоа е единствен позитивен процес во СДСМ, се друго е и ќе биде срам и траума која ќе им трае со години.
Сега, на крајот, Заев и Али Ахмети глумат националисти со трикови во кои не веруваат ни самите тие. Кршењето на МНТ од страна на Шверцерите, хулиганите од Чаир, Кондово и Арачиново е само уште еден обид да се заработат албански гласови со газење врз Македонците: вашата култура е значајна колку нашите хулигани, вашиот храм на културата за нас е ѓубриште…

И, каде е одговорноста за хулиганството? Заев не им може ништо, во секој судски совет двајца се од ДУИ.
Се пее последната песна на оваа претстава, никој не аплаудира и не бара бис.

Драган Павловиќ Латас
(02.12.2019)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...