Латас ќе продолжи со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како извршен продуцент.

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 19:49

Латас : Поради притисоци поднесувам оставка од функцијата главен и одговорен уредник во Тв Сител !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител.

Како што пишуваат медиумите тој оставката ја поднел со цел – заштита од понатамошни притисоци кон него како новинар и кон медиумот во кој работи.

Драган Павловиќ Латас на оваа функција во ТВ Сител е од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.

Тој напиша дека ТВ Сител е негово животно дело, трага која е неизбришлива и секојдневно видлива. Латас ќе продолжи со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како извршен продуцент.

За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.
За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.
Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.
ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбришлива и секојдневно видлива.
Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.
На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега, се вели во оставката.

Тој беше обвинет во случајот „Тотал“ е обвинет заедно со три фирми: Тотал Маркетинг Доел, Тотал Медиа Центар и Медиа макс, во кои тој се јавува како сопственик или управител.
Според обвинението Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите за данок не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи.

Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести