Мафијата краде од буџетот низ наместени тендери!

Објавил: Владо Марин | 24 февруари, 2020 9:50

ЛАТАС: Секој дилер добивал тендер

Фото/Текст извор: ©Вечер

На сите други им е јасно одамна, но ако некој од тврдото јадро активисти на СДСМ досега се сомневал, објавената снимка од Антонио Милошоски сега секому докажува дека мафија владее со Македонија.

Мафија која масовно краде од буџетот низ наместени тендери, мафија која директно контролира полиција, обвинителство и судство за да ја сокрие корупцијата и уништува опозицијата.

Мафија која издава наредби на обвинители и судии. Сведоци има многу, снимки се редат, и не е само таа што ја објави Милошоски. Има и десетици други кои следат.

Гледаме човек во ликот на шефот на мафијата Зоран Заев кој, по употребата, ги пушта низ вода извршителите откако ќе му завршат работа бидејќи не сака да има обврски кон никого, туку само право на наредба.

Нема исклучоци во оваа власт за корупција. Александар Николоски од ВМРО, со документ, покажа дека министерството на Радмила Шекеринска купило градежни машини кои се околу 240.000 поскапи од редовната цена. Така кажуваат документите, а потоа следат приказните на Шекеринска за нејзините успеси Македонија да влезе во НАТО и слични сто пати веќе кажани, и излитени фрази.

Ги пушти низ вода и претседателот на врховниот суд Јово Вангеловски, Катица Јанева е сред судење а така ќе биде и со другите кои соработувале за потреби на Фамилијата. Ваква ли власт поддржуваат од Европската унија и американската амбасада? Кому е ваква власт потребна, нив ги компромитира а општетството го држи под диктатура.  

Нема исклучоци во оваа власт за корупција. Александар Николоски од ВМРО, со документ, покажа дека министерството на Радмила Шекеринска купило градежни машини кои се околу 240.000 поскапи од редовната цена. Така кажуваат документите, а потоа следат приказните на Шекеринска за нејзините успеси Македонија да влезе во НАТО и слични сто пати веќе кажани, и излитени фрази.

Дали влезот во НАТО е карт бланш, амнестија за Зоран Заев, Шекеринска, Рашковски, Анѓушев, Филипче, Сугаревски… за грабање од државната каса и диктатурата.

Верувам дека во НАТО не се горди на нив, и се срамат ако еден ден со лопови треба да седнат на иста маса.

Со тие хипотеки СДСМ, партија на власт, протестираше пред Кривичниот суд барајќи правда. Како што кажаа, судот да ги спроведе нивните барања за да не мора Заев лично да им се јавува што да прават. Како што се јавувал секогаш, дури и кај претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски. Ако Заев му наредувал на Јово Вангелосвки можете само да замислите каква поплава од нарачки и наредби има во пониските судови.

А под правда тие подразбираат нови апсења, обвиненија и затворски пресуди за опозицијата. За нив ни на сон. Тие се амнестирани, заштититени затоа што ја донеле Македонија до НАТО… Па, ако ваква корумпирана власт и држава им е потребна на НАТО тогаш тие во Брисел мора да се во тешка криза.


Забеган во сопствената моќ и чувтсвото на недопирливост под заштита на негвите обвинители и судии, Зоран Заев раскажува дека дома не руча како нормалните луѓе туку се хранел со паштети и виршли. Скромен е човекот. Само колите кои ги имаат со Вице вредат над милион евра но, тој е скромен. И после, така неухранет нормално е дека не може да води држава и под притисок на сиот глад по цел ден има нагон да граба, да граба, да граба… Гладен човек е жив ѓавол.

Кога власт протестира пред суд, на чело со шефот на партијата, тоа е пар екселанс најнасилен вид на политички притисок врз независно судство. Но, за чудо ниту еден претседател на суд, ниту судскиот совет или асоцијацијата на судии не се огласи после овие протести и наредби од власта како треба да судат и работат. Очигледно, голем е стравот на судиите од СДСМ, никогаш не молчеле за вакви напади и притисоци а сега ќутеа, трпеа и се молеа за милост од Заев и Фамилијата. За да немаат дилеми, ден по протестите потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири ги потсети судиите дека партијата ќе им врши ревизија на имотите.

Против ваквото политичко насилие не видовме ни изјава барем од американската амбасада, или од претставникот на Европската унија. А го очекувавме тоа.  

А нема глуп и неписмен судија, има многу исплашени но, и амбицирани за напредување преку ред со помош на Фамилијата. Секој од нив, од прв до последен, ја гледа корупцијата во власта. Гледа како се штелува судењето за Рекет да бидат невини оние кои стоеле зад Катица и Боки.

Гледа дека рекететот е пријавен во април, Заев веднаш им кажал на Боки и Кичеец дека се фатени за да се пазат, а дури потоа имал средба со обвинителката Вилма Рускоска.  А Рускоска од април знаела за случајот но, мерки за следење и прислушкување дала дури во јули и август, кога цела држава зборуваше за рекетот. Па и тие мерки, снимки на кои Кичеец се среќава со Вице Заев, а Катица со Зоран Заев – немаат тон! Наводно така се снимало, по грешка. Од април до август траеле обидите за спас на Катица.

Маршот за правда на СДСМ пред суд е исто како да се организира марш против дивоградбите во Охрид на чело со советникот Нефи Усеини.

Се што е некој фактор во власта, или соработува со неа, е корумпирано. Без исклучок. Зарем некој се изненади дека дилерот на кокаин од Крушопек добивал тендери од оваа власт. Јас ви гарантирам дека нема дилер во Македонија кој не соработува со полицијата и мкне гласови за потреби на СДСМ. Тие што не соработуваат се уапсени, да не создаваат конкуренција на лојалните. Колку селфија на дилери имате видено по фејсбук со министрите од СДСМ. Стотици.

Затоа членови на СДСМ од Арачиново, стоејќи пред таблата на локалниот СДСМ, пред камери ќе изјават дека Арачиново струја нема да плаќа, и точка. За нив ќе плаќаме ние. Секоја корупција на СДСМ и купување гласови од соработка со подземјето ја плаќаме ние, со пари и стресови да не им згрешиме нешто. Затоа власта на СДСМ и воведе најголеми даноци и изгласа најголем буџет, за да земе што е можно повеќе пари од граѓаните и да подели тендери за нивните.

Затоа, и покрај најдобра воља, не можам да разберам некој кој би гласал на избори за Заев и овој СДСМ. Разбирам за порано, кога гласале за Бранко, но ова сега ни П од партија нема, ни идеологија ни проект. Приказната за НАТО и ЕУ не е нивни успех туку исплата за сменето уставно име, избришан идентитет и нација. Амди Бајрам да го направеше тоа, ќе го добиевме истото.

Зарем некој во свесна состојба гласа за партија со која владее амнестиран лик кому главен бизнис му се марихуана и тендери, за власт која соработува со дилери и подземје, дели државни пари и моќ со нив. Дрогата која тие ја продаваат ја купуваат нашите деца.

Забеган во сопствената моќ и чувтсвото на недопирливост под заштита на негвите обвинители и судии, Зоран Заев раскажува дека дома не руча како нормалните луѓе туку се хранел со паштети и виршли. Скромен е човекот. Само колите кои ги имаат со Вице вредат над милион евра но, тој е скромен. И после, така неухранет нормално е дека не може да води држава и под притисок на сиот глад по цел ден има нагон да граба, да граба, да граба… Гладен човек е жив ѓавол. Патем, Заев не е премиер и нејасно е зошто живее во премиерската вила.

За така скромен човек тој е постојано гладен за луксуз по што ги става во беља и службите на владата.

Сега, пред избори, притиснати од јавноста до ѕид за сите корупции, злоупотреби на полиција, на обвинители, судии, медиуми, невладини организации… неписмените советници на Заев од редот на Марјан Забрчанец, Бубо Каров и Коста Петров смислија нов план: да се уништат порталите и единствената телевизија, ТВ Алфа, кои објавуваат опозициски вести и информации. Причина е тоа што примале пари за комерцијлани огласи и соработка од компании од Унгарија. Од држава која е членка на ЕУ и НАТО и која верификувала влез во НАТО на Македонија. Тие унгарски, европски пари, служеле за создавање анти НАТО и анти ЕУ политика во Македонија! Се бара обвинителството да апси новинари затвара медиуми.

Од партија од која доаѓаат фашистички настапи против Рашела Мизрахи ништо друго, освен нова ескалација на фашизам не ни може да се очекува. И тоа не е само локална акција на соросоидите од СДСМ кои редовно примаат пет милиони долари од фондацијата на Сорос за политички активности.

Џорџ Сорос последниве месеци јавно го напаѓа Фејсбук дека објавува вести и постови од симпатизерите на Трамп и бара првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, да даде оставка. Да ја напушти фирмата чиј е основач и најголем акционер! Засега, Сорос не бара негово апсење како што соросоидите бараат во Македонија.

Џорџ Сорос во младоста бил активист на нацистичкото движење, таа дамка и политички избор очигледно не е испрана до ден денес. Валканите нацисти од нашето маало се во годините на неговата младост.

Наведените опозициски медиуми вршат комерцијални услуги во рамкте на својата дејност. Како што објавуваат реклами од сервисот на Гугл и други слични сервиси за да заработат, и опастанат, затоа што на големите огласувачи во Македонија им е забрането да рекламираат кај опозициски медиуми. Малоумниот Саше Политико, со порно информативен сајт на дно по читаност, заради одработувањето за СДСМ и со нивна помош има повеќе реклами од сите опозициски портали – заедно!

Тој сам во тињата, а тие десетина во врвот на читаноста. Тоа е и намерата, да се исечат сите комерцијални извори на приходи на опозициските медиуми, евреите како Рашела Мизрахи да ги снема од Македонија, ВМРО да се поапси до портирот, да им се одземе имотот по што Фамилијата да живее на раат и во раскош.

Патем, од кои пари постојат и работат радикално партиските портали на СДСМ: Тајм, Слободен Печат, Сакам да кажам, Нова ТВ, Центар њуз, Независен… Немаат реклами и комерцијални приходи. Постојано ги друкаат, товат и допингуваат со државни пари од Фонд за иновации, партиски невладини фондови и црните донации на Сорос. Било да се исплаќа на нив, на нивни сопственици или членови на семејството. Наведените трошат над милион евра годишно, само за сајтовите, и пак не ги бива. Пак никој освен партиските следбеници не ги чита. Пак како Тајм ги фаќаат во лажно билдање кликови и Фејсбук им ги одзема фан страните. 

Само на братот на Сашо Орданоски, анонимен отровен лик од социјалните мрежи, Фондот за иновации му исплатил 350.000 евра за наводен изум кој не постои, украден е од Индија што авторите и го објавија, а ни таквиот фалца изум не е реалзииран.

Класична проневера на државни пари. А сите опозициски портали, заедно, живеат со толку пари колку што власта го дарувала Орданоски.

Што би рекол Тито: Смрт фашизму, слобода народу.

Латас

(24.02.2020)  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...