Народ кој има цел, ќе најде пат до таму. Народ без цел, кој прифаќа да биде жетон во туѓ рулет завршува во џебот на битангите и селските магупи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2020 10:00

ЛАТАС: Се чека последниот потпис за тотално бришење на Македонија!

Фото/Текст извор: ©весник.мк

Време да направиме преглед, биланс на добиено и загубено, и да ставиме точка. Паѓаме, или остануваме на нозе. Искуството не ми дава оптимизам. Ако нешто битно не се смени кај Македонците до следните избори – одиме во стечај, пишува новинарот Латас во својата нова колумна за Весник.мк.

Кога вака мирно и без отпор гледаме како улични битанги и селски мангупи го сечат дрвото на кое седиме, и го продаваат на распродаја, работата не ветува. Следна држава ќе дочекаме (можеби) по некоја голема, светска војна, ако и таа Бугарите и Албанците ја загубат како претходните. Дотогаш, ќе пееме песни за ВМРО и војводи по слави и биртии. Додека и тоа не го забранат.

Народ кој има цел, ќе најде пат до таму. Народ без цел, кој прифаќа да биде жетон во туѓ рулет завршува во џебот на битангите и селските магупи.

По ред, и кратко. Современа Македонија е создадена на југословенскиот АВНОЈ и нашиот АСНОМ. Зедно со сите, од Словенија до Србија. Создадена откако титовите партизани организираа отпор и партизански единици во Македонија во борба против фашистите, Бугарите и албанските качаци. Толку од таа историја.

И, така, дојдовме до крајот. Се чека последниот потпис за тотално бришење на Македонија: унитарноста, идентитетот, културата, знамето, економијата, јазикот… За финален стечај не е доволен само потписот на Заев. Се чека и твојот потпис, со твојот глас за него на избори. Можеш да бидеш соучесник, гласај го и потпиши го крајот. На овој свет се е веќе видено. И Власи и Курди има, ама немаат држава и заштита. Ако не знаеш ниеден Курд, побарај број од протераните Срби од Косово, да научиш кој е патот што си го одбрал. Да ти биде после полесно снаоѓањето.

Во таа Македонија и Југославија, добивме научно утврден и меѓународно признаен македонски јазик и македонска црква. Процесот на обнова на МПЦ е почнат на АСНОМ, со иницијативно писмо заведено под број 30, од 3 февруари 1945 година. Во 1959 година Српската православна црква се согласила за обнова на МПЦ, за почеток со одлука АС 47/1959. Во јули 1967 година во охридската црква Свети Климент прогласена е автокефалност на Македонската православна црква, на чело со Димитар Стојковски од Маврово, Архиепсикоп Доситеј Втори.

На Македонците сега им ја одземаат црквата, и верата, пред очи. Тие гледаат сеир. Ниту под бугарска окупација е возобновена Македонската православна црква, ниту пак е создадена македонската самостојна држава, кодифициран македонскиот национален јазик, ниту имало Устав за државноста. Темелот е поставен во Југославија. И затоа денес Македонците имаат посебен однос, почит и врски кон народите со кои ја создале државата: Србите, Босанците, Хрватите…  

Самостојна Македонија излегува од југословенската федерација единствена без војна на своја територија. Ни југословенската војска ни полиција не дале отпор. Да имало отпор ќе имало и тука војна како и низ цела Југославија. Никаков проблем во тие времиња не било да се пука во два-три града повеќе. Сите приказни од ситни политикантски играчи се само обид да си дадат на лично значење, фактите го зборуваат само тоа што се случило на терен. Мирно излегување и самостојност.

Македонија стана самостојна по референдумот од 8 септември 1991. Избравме знаме, со ѕвездата од Кутлеш, кое е историски белег на борбата за самостојна Македонија. ВМРО победи на првите избори но, комунистите не му дозволија да формира влада. Имавме име на државата – Република Македонија. Имавме македонски јазик дефиниран во Уставот како национален и државен, и во Устав запишано дека Македонија е држава на Македонците и сите други граѓани во државата. Како што пишува и во Уставите на сите на Балканот.

Значи, го имавме тоа. Во 1992 комунистите од денешен СДСМ, без избори, ја преземаа власта во државата и го поставија Бранко Црвенковски за премиер. Човекот, тогаш, имаше 29 години. Заедно со него, од улица и кафани ги собраа анонимните деца, домашни миленици и внуци на комунистичките функционери: Јане Миљовски, Љубомир Фрчковски, Денко Малевски, Стево Црвенковски, Ѓунер Исмаил… и им дадоа министерски функции. Никој, ама баш никој од нив, никогаш претходно не значел ништо во политиката ниту во својата професија.

И, со подарената власт на луѓе собрани од кафани, работите тргнаа удолу. За да останат на власт, милениците на комунистите прифатија Македонија да го загуби историското знаме со ѕвездата од Кутлеш. Го продадоа знамето, а со него и името кое од Македонија стана ФИРОМ. Некои добија функции и привилегии преку ред, а некои од Грција добија и кеш. Првиот македонски претседател Киро Глигоров напиша дека кешот го снемало – кај Фрчкоски.

Во Обединетите нации влеговме како ФИРОМ, само М од Македонија. Сега пак не преебаа. Од ФИРОМ станавме Северна. Гледаме во НАТО не сме ни Северна, а ни Македонија туку – МК Скопје МОД. Во НАТО сме под назив како да сме вирус, а не држава. Шеќеринска и Пендаровски не ни гукнаа што нивниот генерал во НАТО е потпишан со дијагноза, а не со држава како другите. Колку пати треба да те преварат за да ти дојде памет?

Сето тоа помина без отпор кај Македонците. Без вистински организиран отпор. Како да се случува некаде во Јужна Америка, а не дома. Мирно, Македонците си ги примија и 200-те иљади откази во време на црната транцизија, приватизацијата. Фондацијата Сорос секој ден имаше спотови на А1 кај Велија дека е тоа влез во модерна Европа. Македонците живееа со мислата дека секогаш има и бетер. Ќути, да не наебеш и ти. И така, наебаа сите, до еден.

Црвенковски не падна од власт во 1998 со гласање за ВМРО, и покрај црната транзиција, продадено знаме и државно име. ВМРО со Љубчо Георгиевски на власт дојде благодарение на Циле Тупурковски. Дури со неговите 120.000 гласови и 13 пратеници Љубчо формираше влада. Црвенковски му се одмазди. Во април 2006, под власт на СДСМ, Обвинителството отвори истрага против Тупурковски.

Црвената буржоазија од Водно се согласуваше на се, само да им останат куќите и функциите. Куќите Црвенковски им ги подари со откуп помал од половна кола, а функциите им ги задржа и појача. Патем, успеа да ги скара сите под Водно: ВМРО се подели помеѓу бугарофилката Доста Димовска контролирана од СДСМ да се активира по потреба и Македонецот Змејковски, а Бранко успешно ја менаџираше таа кавга која, со негова помош, заврши со пораз на Борис Змејковски.

Црвената буржоазија на СДСМ доби скапи куќи и функции, а што добија оние кои гласаа за нив сите овие години? Добија нови и нови порази и откази.

И, дојде 2001 година. На мобилизација се јавија само вмровците. Бранко ги повика своите да ја бојкотираат. Бучко од СДСМ ја водеше Армијата која ја ограби за три милиони долари. Резултат, ја загубивме војната и унитарноста.

И, еве не денес. Загубено знаме, загубено име на државата, загубена војна, загубени работни места, загубен национален идентитет, црква во фаза на бришење и припојување кон бугарската, јазик во истиот процес на бугаризација. И толку е. Од еден народ нема што повеќе да се земе. Го нема ова, нема ни нација.

И, ако се следи линијата на пропаст, лесно ќе се се види дека сите овие порази се потпишани со еден, ист потпис, со потпис на СДСМ. Нема ниту една точка во современата македонска историја на порази потпишана од раката на ВМРО. Дури и оној на Љубчо Георгиевски, во 2001 година, е резултат на поразената воена и надворешна политика која во тогашната влада ја водеше СДСМ: Одбрана Владо Бучковски, надворешни работи Илинка Митрева.

Денес е финалето. Стево Пендаровски, избран со албански гласови, претседател на кој му гори државата која губи национален идентитет и јазик нема секирации за тоа, он се бори за косовска територија. Одработува човекот, но не за Македонија.

И, така, дојдовме до крајот. Се чека последниот потпис за тотално бришење на Македонија: унитарноста, идентитетот, културата, знамето, економијата, јазикот… За финален стечај не е доволен само потписот на Заев. Се чека и твојот потпис, со твојот глас за него на избори. Можеш да бидеш соучесник, гласај го и потпиши го крајот. На овој свет се е веќе видено. И Власи и Курди има, ама немаат држава и заштита. Ако не знаеш ниеден Курд, побарај број од протераните Срби од Косово, да научиш кој е патот што си го одбрал. Да ти биде после полесно снаоѓањето.

Или, биди херој, собери сила и дигни го гласот. Речи им – не! Освети им се за се до сега на овие избори. Биди херојот за филмот да заврши со среќен крај.

Д.П. Латас (18.05.2020)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...