Можеби некому е страв од зараза ако излезе да гласа, ама само 5% заболуваат од вирусов. Ако остане оваа власт, 95% ќе бидат болни од страв, депресија, сиромаштија и дезориентација. И се друго што следи.

Објавил: Перо Милчин | 14 јуни, 2020 23:43

ЛАТАС: Спиеш ли мирно Суперфилипче- Носиш ли на душа починати заради твојата неспособност

Фото/Текст извор: ©Вечер

Бујар Османи ни потврди дека ДУИ, а не граѓаните, ја избрале оваа власт во државава. Народот гласаше за Груевски, а ние од ДУИ одлучивме Заев да биде премиер, рече Бујар Османи. Потоа, се тргна удоле и еве каде сме. Па, ако и ова не ви е доволен мотив на овие избори да избереме доброволно убедливо своја власт која ќе има толку многу пратеници кои нема да зависат од вољата на ДУИ, тогаш нема ни потреба од избори. Али Ахмети повторно нека ви одбере премиер наместо вас, а вие дремете на Фејсбук и бунете се.

Можеби некому е страв од зараза ако излезе да гласа, ама само 5% заболуваат од вирусов. Ако остане оваа власт, 95% ќе бидат болни од страв, депресија, сиромаштија и дезориентација. И се друго што следи.

Политиката сепак зависи од гласачите. На крај они одлучуваат колку и да ти се чини поинаку. И запамти, политика не е кладилница и коњски трки, одиш и го гледаш само својот коњ и навиваш за него без оглед што се случува со трката. Овде мора да ја гледаш и следиш целата игра, нема коњ на кој си се кладел и ќе те збогати.
Тој што ќе победи решава многу, многу важни работи во твојот живот.

Политичарот ти го зема гласот и те заборава. Нема награда како во кладилница. И, не е важно чив е коњот, важно е дали ти врши работа. Овие што ДУИ ги донеле на власт не вршат работа никому. Освен за себе и за ДУИ.
Ако не мислиш така, прашај се колку пари ти додели државата, неповратни, за да ти помогне во кризава? А заради наредби на владата, не по твој избор, си паднал во криза и сега не можеш да излезеш сам од тоа. Тебе не ти дале ништо за помош, или нешто ситно што е навредливо, арно ама за себе Заев си додели кеш за фирмата им Еленица.

Бујар Османи ни потврди дека ДУИ, а не граѓаните, ја избрале оваа власт во државава. Народот гласаше за Груевски, а ние од ДУИ одлучивме Заев да биде премиер, рече Бујар Османи. Потоа, се тргна удоле и еве каде сме. Па, ако и ова не ви е доволен мотив на овие избори да избереме доброволно убедливо своја власт која ќе има толку многу пратеници кои нема да зависат од вољата на ДУИ, тогаш нема ни потреба од избори.

Плус, си додели и нови концесии за марихуана. И уште дестина други профити во време на криза.
Му даде пари и на Анѓушев, колегата од влада и душманот кој прв отпушти 120 вработени од семејната фирма уште на почеток на епидемијата. Ти, или твоите деца ќе се стискате, но нивните деца од партиските невладини организации добија 500.000 евра од владата, среде криза. За мотивација околу избориве.
А такви немотивирани имаат многу. Братот на Сашо Орданоски доби 350.000 евра за божемна иновација која не постои. Да,да 350.000 евра, повеќе отколку што државата потрошила свои пари за маски и ракавици за полицијата во време на кризава.

И сега Сашо Ордановски и ергелата ве повикауваат гласај за СДСМ. Па гласај, и трпи.
Ако трпиш заради кризни одлуки на владата таа треба да ти ја плати штетата. Така е во цела Европа.
Еве, британските авио компании израчунаа колкава им е штетата и бараат надомест од владата. Ако не, одат на суд. Тие приказни на Заев, Шеќеринска и олигарсите да бидеме солидарни се обично лигавење.

Парите отидоа кај нив, милијардата евра од кредит ја снема. Парите се кај нив, а кај тебе останува секирацијата. Тоа се вика солидарност. Ќе беа солидарни наместо на своите партиски невладини тие 500.000 евра од кризен буџет да ги доделеа на работниците на кои им забранија три месеци да работат.
Во меѓувреме ќе ти се фалат како изградиле 500 километри патишта кои никој не ги видел. За доказ, објавуваат слики од патишта, пречистителни станици… но за беља дознаваме дека сликите не се од Македонија, туку од Шпанија!

Овде немале што да сликаат, пошто ништо од тоа не ни постои. Улични преваранти, шибицари.
Единствен новоизграден пат на кој е виден нашиот министер Сугаревски е оној кај Грделица, во Србија, кога Сугаре му гостуваше за таа прилика на Вучиќ.

Венко Филипче ни толку. Он како отпад од ВМРО дојде во СДСМ да потпишува тендери. И да приватизира цел здравствен систем пошто Заев тоа го договирл на Малта. Ортаците на Заев му ги поапсија и им судат, а Филипче ја запре изградбата на клиничка болница Штип и неколку други. Коронова им го паузираше процесот но, ако останат на власт ние остануваме без јавен здравствен систем.
Инаку, макро на Филипче му е Шеќеринска. Она има свои интереси во здравствениот систем, добро позиционирана другарка што работи за неа во здравството и фармацијата и брзо им се поклопија интересите со Филипче.

Инаку, како Радмила од Шкода Фелиција на татко и за така кратко време дојде до пет станови, јахта, нова куќа во Дебар маало… и гардероба во плакари колку што кошта твојот стан.
После зошто паднавме во катастрофа со коронава? Па кој од нив мисли на тоа додека во гужвиве треба да испумпа последни милиони пред избори.
Они, зафатени со кеш, не ни забележуваат дека граѓаните масовно им заболуваат и умираат како снопови од коронава. Пред две недели Пендаровски изјави дека сме ја победиле епидемијата, Филипче кажа дека животот се враќа во нормала, а Заев заклучи дека треба да се навикнеме на “новата нормалност“, што и да му значело тоа.

На крај, Пендаровски укина вонредна состојба за Заев да истера брзи избори. Влеговме во вонредна состојба во март, со 38 заболени дневно, а излеговме од неа со 195 заразени на ден. И, секој може сам да види колку Филипче и Заев биле успешни во кризава.

Единствено што им успеа е што исчезна милијардата евра од кредитите. Штом се здиплија парите, нема потреба од вонредна состојба.
И реисот Сулејмани рече “короната е мртов, нема више“ па го сменија човекот од функција. Нашиве: Пендаровски, Филипче и Заев го кажаа истото, ама еве никој од нив не е сменет, што ми дава за право да констатирам дека биле во право, а тестовите за корона вирус лажат. Па секако дека повеќе ќе му верувам на нашиот Заев отколку на таму некој си што ги прави корона тестовите.
А може на тестовите рокот им поминал, а? А може и на Заев му поминал рокот на употреба па дава лоши ефекти. Едно од двете, тестовите од една, и Заев и Филипче од друга страна не се во ред. Ваше е да изберете меѓу нив, кој е со поминат рок на употреба.

На крај, Пендаровски укина вонредна состојба за Заев да истера брзи избори. Влеговме во вонредна состојба во март, со 38 заболени дневно, а излеговме од неа со 195 заразени на ден. И, секој може сам да види колку Филипче и Заев биле успешни во кризава.

Заев на 1 јуни рече вирусот заминува, спремајте се за избори. Од кога тоа го рече до денеска, за две недели, имаме 1.700 заразени и над 50 починати.
Кога на почетокот на март Заев рече буџетот ни е во одлична кондиција, напредуваме во секој поглед, и јас му верував. После две недели изјави дека имаме буџетска дупка од две милијарди евра! И, сега сум збунет, како да му верувам? Да ти е страв Заев да те поздрави со среќен пат, одма паркирај, додека не те бацил некој камион по пат. Таков малер е човекот.

Среќа што го има Филипче. Тој за СДСМ бил Суперфилипче!

Се борел со короната како херој од цртаните филмови на Марвел. За три месеци имаше над 100 прес конференции на кои кажува бројки, мислиш дека е Лото девојка што извлекува топчиња од бубањот. Тоа го направило славен меѓу народот. Повеќе и од Лото Маријана.
Па види друже, ниту еден министер за здравство во Европа не држеше сто прес конференции за време на епидемијава, само нашиов е алчен на камера до мерка која е опсесија. Како да е хипервентилиран. Он добро знае што значи тоа.

Па, спиеш ли мирно Суперфилипче?! Носиш ли на душа починати заради твојата неспособност. Викендов Македонија имаше убедливо најголем број заразени и починати во Европа според број на жители. Европски шампиони станавме! А Филипче – нивниот Суперфилипче, прв во Европа! Ако не по друго, власта на Заев во Европа се прослави по зараза и корупција, што не е лесно.

Штета што Заев и Суперфилипче не читаат, они само бројат. Да читаа ќе знаеа дека во Бреша, град најмногу погоден со заразата во Италија, ќе се води кривична постапка против министерот за здравство и кризниот штаб затоа што со лошо менаџирање предизвикале прекумерни, масовни зарази и смртни случаи.

(Д.П. Латас, 15.05.2020) 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...