петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Владата и СДСМ на Боки 13 му давале потпис, писмени препораки за рекет и јавно му помагале да изгради слика за моќен човек близок до власта. Човек на кој не смее да му се одбие рекет. Така и било, без тие препораки и поддршка Боки не би можел да го рекетира ни Сејдо, автомеханичарот мој, а камоли олигарсиве.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2020 22:26

ЛАТАС: Телефонот на Боки Тредичи се крие како најголема државна тајна!

Фото/Текст извор: ©Vecer.mk

Да не се заразениве и умрениве од корона Филипче ќе можете да го гледате на телевизија само во црна хроника. Како што и беше.

Кога ќе чуете 180 нови заболени кај нас тоа се во Србија или Бугарија дневно повеќе од 650 заразени. Ни Србија ни Бугарија, ни Албанија, ниту еден ден немаа 650 заразени, а уште помалку 40 умрени, како што имаме ние со нашите два милиони жители. Плус, коронова запре насекаде, само кај нас Филипче ја држи под контрола.

Секој што гласа за СДСМ гласа Филипче да му ја решава короната и на есен. За нов кошмар. Треба да си некрофил да сакаш да гледаш некого што секој ден, од ден на ден, постојано ти збори за нови умрени или заразени, а да ти биде симпатичен. Ние три пати помалку имавме загинати во војната 2001 година, а таа војна ја загубивме. Оваа војна со коронава ни е како во Хирошима. Толку за тоа.

Здравството пукна како балон. Блефери, тендераши, швалери, шарлатани го водат здравството и не ни можеше да се очекува нешто друго во кризава. Во која и да е работа да ги споиш Ден Дончев, Венко Филипче и Зоран Заев таа ќе пукне.

А слично е и во правосудниот систем. Анкетите што ги објавија покажуваат дека обвинителството и судството имаат најнизок степен на доверба од сите државни институции. И тоа со причина. Што друго да се очекува кога ќе ги споиш Зоран Заев, Катица Јанева и нејзините Чарлиеви анѓели, дополнети со десетина нивни, проверено послушни обвинители и судии за брзи егзекуции.

И на судењето за Рекет се кажа дека Заев и барал на Катица прекин на некои истраги затоа што тоа му требало за поткуп на пратеници. Поголема корупција од ова – здравје. Нема систем кој Заев не може да го компромитира и корумпира.

Заврши судењето за Рекет. Кичеец доби три, Катица седум а Боки девет години затвор. Но, тоа не е конечно, следи Апелација а таму Заев има најсилна контрола. Од резултатот на изборите ќе зависат и нивните конечни казни и пресуди.

Кичеец одбра и понатаму да глуми агент провокатор во милост на Зоран Заев, Катица глуми лудило, а само Боки 13 реши да се бори за себе. Најпосле, Боки е жртвуваниот за да се спасат Сугаре, Кирацо, Коста Манулаќ, Шилегов, Шеќеринска, партиските олигарси… и природно е, на тие млади години, да се бори за својата иднина. Што има да загуби? А со борба можеби нешто и ќе добие.

Што видовме од судењето за Рекет, гледајќи ги само чистите факти: документите, снимките и изјавите на учесниците во судскиот процес.

1. Зоран Заев имал блиски релации со Бојан Јовановски, Зоран Милески Кичеец и Катица Јанева. Со првите двајца често контактирал дури и во премиерскиот кабинет. Им најавил дека ги прислушкуваат, а Заев со Обвинителството ја одложуваше истрагата од април до јули за да се спакуваат доказите кои ќе го ослободат од истрага него, Кирацо, Сугаре, Коста Манулаќ, Шилегов…

2. Владата и СДСМ на Боки 13 му давале потпис, писмени препораки за рекет и јавно му помагале да изгради слика за моќен човек близок до власта. Човек на кој не смее да му се одбие рекет. Така и било, без тие препораки и поддршка Боки не би можел да го рекетира ни Сејдо, автомеханичарот мој, а камоли олигарсиве.

3. Пред суд Боки 13 изјави дека пред него Заев договарал со Кичеец местења за претседателските избори во Охрид. Дека Заев го предупредил за снимањата додека рекетирале. Боки изјави дека парите од рекет се кај Зоран и Вице Заеви.

4. Боки има докази за сето ова. Дел од нив се во неговиот телефон кој Обвинителството му го одземало, но не го дава дури ни по барање на неговиот сопственик, обвинетиот, кој има намера да го употреби во своја одбрана. Тоа не е законски. Да му одземеш на обвинетиот доказ, и да не му го даваш со него да се брани. Така можеш кого сакаш и на смрт да осудиш, со одземање на правото на одбрана преку докази кои обвинетиот ги има, а не може да ги употребува.

5. Обвинителството го штити, лично и персонално, Зоран Заев од одговорност за рекетите и измамите во кои учествувал Боки. Во тоа веќе никој не се сомнева. Не се дозволи Кичеец да се појави на судски распит, не му даваат на Боки да покаже снимки и разговори со Заев и соработниците му од сопствениот телефон во своја одбрана, ги снема газдите кои биле рекетирани а остана само пријавителот Орце Камчев, иако цело Скопје знае дека ги има уште најмалку 7-8 кои платиле рекет но, станале и финансиери на СДСМ, Заеви и нивните медиуми па се заштитени.

Нова колумна на Латас

6. Се појавија три, а потоа уште 11 снимки на разговори во кои адвокатот Димишков, брат на судијка која е вклучена во предметите на СЈО, преговара за 4,5,6 милиони евра рекет кон Камчев за да биде слободен човек, тој и неговата фамилија. Обвинителката Рускоска вели: ги знам снимките од 57 минути, ги има во списите од истрагата и за мене не се битни за да гонам и други учесници.

7. Но, дали е така. Прво, објавените разговори не се сет од 57 туку од 21 минута. Второ, да прашам дали постои и снимка во која лично Зоран Заев разговара со посредникот за рекет, адвокатот Димишков, кој му се жали дека Орце Камчев немал намера да плати 4,5,6 милиони евра рекет, а Заев му одговара дека ќе го среди тоа. Има, или нема снимка од ваков разговор во Обвинителството?

8. Ако таа снимка, разговор помеѓу Зоран Заев и адвокатот Димишков, посредник во рекетот, постои и ете случајно се појави на Јутјуб, дали комплетниот врв на Јавното обвинителство ќе поднесе оставка заради свесно прикривање криминал.

9. Зошто е осуден Зоран Милески Кичеец, посредник во рекетирањето а нема ни истрага за адвокатот Димишков, исто така посредник во рекетот?

10. Зошто Обвинителството не бара каде се рекетираните пари? Катица Јанева изјави дека знае каде се, но никој на судењето не ја праша да одговори детално. Боки кажа дека се кај Зоран и Вице Заеви, но никој спомнатите браќа не ги викна на распит во ЈО. Не му дозволија на Боки ни да изнесе докази за своето тврдење.

За корупција во обвинителството и судството заинтересирани се сите но, оној кој треба прв да се бори против тоа се токму обвинителите и судиите кои не се дел од тие криминали, корупции, политички местенки. Сите го јадат стапот, а само некои се кешираат и напредуваат. А тие, нормалните и одговорни судии и обвинители, се убедливо мнозинство кое, пред свои очи, сето тоа го гледа и немаат воља, или немаат сила нешто да преземат во заштита на законот, својата професија и углед.

И, на крај. Чекаме да видиме што има во телефонот на Боки Тредичи кој се крие небаре е најголема државна тајна.

Нема веќе тајни, секој го гледа ова и се надева дека нема да биде жртва на тој корумпиран систем. А веќе е жртва. Ако немаш пари да платиш нема лекар да те лечи, ни дете да запишеш во градинка, ни фер судење ќе дочекаш, ни ќе се вработиш а ќерките и сестрите ќе ви ги тестираат за работа по ноќни клубови и хотели, ни тендер ќе добиеш ако не го делиш со некој партиски војник… Жртва им е секој од нас.

Секој ден, секој од нас, или се бори против тоа или е соучесник.

Драган Павловиќ Латас

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.