Како што пишува весникот, сега Мицкоски треба да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец, за да може да се формира мнозинството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 11:42

Лајм: Мицкоски и Ахмети се договориле за влада, Еленовски ќе биде премиер

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализираат договорот за формирање нова Влада, објави порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори.

Како што објави Лајм, Христијан Мицкоски и Али Ахмети се договориле премиер да биде Лазе Еленовски, кој ќе се декларира и за Македонец и за Албанец, со оглед дека е од мешан брак.

Како што пишува весникот, сега Мицкоски треба да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец, за да може да се формира мнозинството.

Воедно и лидерот на СДСМ преговара за состав за Влада. Тој по кусата средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претходно истакна дека ги почнува консултациите со партиите на Албанците околу составување парламентарно мнозинство и формирање на идната Влада.

Заев вчера во изјава за медиумите се обрати и до лидерот на ДУИ, со кој исто така оствари средба и рече дека ќе ги чуе идеите на ДУИ околу предлогот за ротација на премиерската позиција, но укажа дека на државата и е потребен премиер кој што ќе се зафати да работи.

-Не ни треба премиер кој ќе остварува политички агенди. Треба да размислуваме за премиер и министри кои ќе работат за државата и за граѓаните. СДСМ никогаш немал проблем со определбата на кој било кандидат, за која било функција во државата, но за премиер треба да се имаат бројки. Со 15 пратеници, премиер не се добива, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести